Има лесна задача, а за една недела ќе заработи 5.000 долари
Објавено во: Финансии 17 Декември, 2019
Една компанија за кафе ќе му плати 5.000 долари на човек за една недела живеење во замок во Шкотска.
Станува збор за компанијата „Гевалија“ која бара личност што ќе живее како крал во еден шкотски замок една недела и ќе пие кафе. За ова нудат сума од 5.000, пренесува „Спутник“.
Секое возрасно лице може да учествува во нејзиниот натпревар.
Кандидатите можат да се пријават со пополнување на мал формулар за апликација одговарајќи на прашања како што се – колку шолји кафе пиете на ден, вашиот датум на раѓање и слично. Рокот е до 21 декември. Избраниот кандидат ќе биде објавен на 30 декември.