14 Мај, 2024
0.0257

ИМА ЛИ ПРИЧИНА ЗА СТРАВ ПОРАДИ ЧЕРНОБИЛ: МААЕ со најнова информација

Објавено во: Стил 09 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Меѓународната агенција за атомска енергија излезе со соопштение во врска со проблемите со снабдувањето со електрична енергија во Чернобил

Загубата на електрична енергија во нуклеарната централа Чернобил во Украина нема критично влијание врз безбедноста, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

- Топлинското оптоварување на базенот за складирање на потрошеното гориво и количината на вода за ладење во нуклеарната централа Чернобил е доволна за ефикасна дисипација на топлина без потреба од снабдување со електрична енергија - се наведува во соопштението.

Инаку, како што претходно соопшти претходно украинската компанија за нуклеарна енергија Енергоатом, Чернобил е исклучен од струја, наведувајќи дека тоа значи дека ладењето е во опасност.

Како што наведоа, од нуклеарната централа може да се испуштаат радиоактивни материи бидејќи таа не е во состојба да го лади потрошеното нуклеарно гориво.

- Активностите на поправка на приклучокот и враќање на струјата на електраната, која беше окупирана од руски војници, не беа можни бидејќи борбите се во тек - се наведува во соопштението на таа компанија.

Украинскиот министер за енергетика Херман Калушченко претходно изјави дека украинските власти не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако таа беше окупирана од руски војници.

Украинскиот министер за надворешни работи, пак, повика на прекин на огнот за да се овозможи поправка и обновување на снабдувањето со електрична енергија на нуклеарната централа во Чернобил.

ФОТО: EPA/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS