Има ли притисоци за промена на Уставот?
Објавено во: Македонија 09 Април, 2023
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека за промена на Уставот постојат притисоци, но, како што рече, на истите им се спротиставува со аргументи.
Вели дека промени на Уставот нема да има во овој парламентарен состав.
„Мојот пристап е да се спротиставам на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам. До сега не сум слушнал аргумент кој ги победува аргументите кои што јас ги презентирам. Моите аргументи се елементарна логика, и тие се јавно познати. Но, ќе повторам, промена на Устав во овој Парламентарен состав нема да има“, рече Мицкоски.
Од СДСМ, пак одговорија дека опозицијата бега од дебата и го повикаа ВМРО-ДПМНЕ сите предлози да ги претстави на маса. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да ги продолжи преговорите со Европската Унија(ЕУ).