17 Мај, 2024
0.0320

ИМА НАДЕЖ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТИЧНО СТАПАЛО: Доц. д-р Пејкова за најновата метода со која се спречуваат ампутациите на нога

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

На годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН) и Американската асоцијација на реконструктивна микрохирургија(АСРМ) што се одржа кон крајот на јануари, единствено Македонија, рамо до рамо со Америка и Кина беше посочена како држава во која успешно се прават операции кај пациентите со дијабетично стапало, на кои всушност заради хроничното заболување им се појавуваат рани. Методата на истакнатиот американски хирург, проф. д-р Арнолд Ли Делон успешно ја изведува тимот предводен од директорката на Клиниката за пластична хирургија, нагласува доц. д-р Софија Пејкова која за Фактор го сподели големиот успех.

-Mинатата година наш гостин беше проф.д-р Арнолд Ли Делон, професор по пластична и неврохирургија на The Johns Hopkins University School of Medicine,Baltimore, USA пионер во хирургија на периферни нерви и основач на Dellon институтот за хирургија на периферни нерви. Со негова подршка ја воведовме процедурата за декомпресија на тарзалниот тунел, процедура која самиот тој ја основал. Ги споделивме досегашните искуства и разменивме практични совети при изведување на оваа операција. Техниката на Dellon – Декомпресија на тарзаланиот тунел се изведува кај пациенти со дијабетична невропатија. Дијабетот преставува системска болест и меѓу другото ги засегнува и нервите. Поради тоа кај пациентите се јавува дијабетична невропатија, која е особено изразена на стапалата. Пациентите поради тоа имаат нарушен осет на стапалата, имаат чувство дека стапалата се тешки, сензации на печење и сите овие фактори придонесуваат за развој на дијабетични улкуси. Дијабетичните улкуси се рани кои тешко заздравуваат или не заздравуваат и многу често се причина за развој на сериозни инфекции кои брзо се шират. 

Многу често поради екстензивноста на инфекцијата се наметува потребата од ампутација на естремитетот. Кај процедурата на д-р Делон се прави декомпресија на постериорниот тибијален нерв, кој со своите гранки е одговорен за сензибилитетот на стопалото. Неколку месеци по направената декомпресија на нервот се подобрува сензибилитетот, а воедно при самата операција се прави и локална симпатектомија на постериорната тибијална артерија со што се постигнува нејзина вазодалатација, а сето ова придонесува за задравување на дијабетичните улкуси. Досегашните резултати се доста охрабрувачки и оваа метода се покажа како многу благодарна при лекување на дијабетични стопала, третман на хронични рани и долгорочно спречување на ампутации на долните екстремитети кај дијабетичари. На годишната конфереција на Американската Асоцијација на Периферни Нерви (АСПН) и Американската асоцијација на реконструктивна микрохирургија(АСРМ) во текот месец јануари 2023 имавме можност да ги презентираме нашите искуства од областа на хирургија на периферни нерви и реконструктивна хиургија.

Во текот на годишната конфереција на АСПН ги презентиравме нашите првични искуства од примената на техниката Делон за декомпресија на тарзалниот тунел кај пациенти со дијабетична невропатија. Проф. д-р Делон ја доби годинава престижната награда за истакнати заслуги на АСПН и во своето предавање со голем пиетет ја истакна Универзитетската клиника за пластична хиругија во Скопје, Медицинскиот факултет,Универзитетот Св. Кирил и Методиј и нашата држава, вели д-р Пејкова.


Медицината динамично се развива, истакнува таа, нагласувајќи дека најважно е да се следат  трендовите а, најновите препораки за третман и да се имплементираат во нашето секојдневие.

-Во склоп на своите бројни активности, Универзитетската клиника за пластична и рекнструктивна хирургија во изминативе години постојано остварува и одржува меѓународни соработки со реномирани професори и центри од полето на Пластична и Реконструктивна хирургија во светот. Веќе неколку годнини Универзитетската клиника за Пластична и Реконструктивна хирургија, Медицински факултет Скопје соработува со Проф.д-р Оскар Азманод Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија. Проф.д-р Оскар Азман е водечко име за реконструкција на екстремитети и периферни нерви во светот, познат по бионичката реконструкција на екстремитети. Тој е визитинг професор на Медицинскиот факултет во Скопје и покрај тоа што е предавач на студентите по медицина и специализантите по пластична хирургија. Тој при своите посети извршува и комплексни операции, при што нашите лекари имаат можност да се запознаат со нови техники, да дискутираат со професорот за комплесни случаи и опциите за третман.Истото така четворица специјалијазанти од нашата клиника во изминатиот период беа на престој во Виена, и работеа под менторство на проф.д-р Оскар Азман. Минатата година оставривме активна соработка со Plastic & Maxillofacial Surgery Clinic Uppsala University ,Sweden. Во текот на месец октомври минатата година заеднички со нашата колешка од Упсала, д-р Елеонора Димовска дизајниравме и реализиравме едукативна недела на микрохирургија. Во склоп на која имаше теоретска и практична работа преку работилница на која нашите доктори специјализанти коинимаа прилика да остварат прв контакт со микрохирургијата, со принципите на ракување со микрохируршки инструментариум и да  работат “hands-on” на животински модел. Како дел од оваа соработка двајца специализанти во текот на минатата година поминаа дел од турнусот по микрхориругија на клиниката во Упсала, која претставува референтен центар по микрохиругија во светот, гордо нагласува д-р Пејкова.

Цени дека поради напредокот на медицинските науки се јавува потреба од постојано стручно доусовршување на нашите доктори како и целиот медицински персонал, тоа го прават преку учество на конгреси и симпозиуми со меѓународно учество и преку активно учество со научни трудови ја претставуваат и нивната работа и ги споделуваат искуствата претставувајќи ја нашата земја како сериозен научен центар пред докторската фела.

-На овој начин остануваме во тек со сите новости во Пластичната и Реонструктивната хирургија во светски рамки, кои подоцна ги имплементираме и во нашата земја. Токму благодарение на контактите остварени на овие стручни симпозиуми на нашата клиника се воведени повеќе методи како: Регенеративни периферни нерви интерфејси, Нови методи во третманот на повредите на шака во однос на репарацијата на тетивите, Третман на невроми, Воведување WALANT техниката кој претсставува еден од новите трендови во хирургија на шака. Учеството на научни собири од ваков ранг меѓу другото ни овозможува запознавање со реномирани хирурзи од нашата област како и можност за остварување на соработка и со уште повеќе светски центри со цел континуирано усовршување на нашиот персонал.

Во периодот што следи ќе започнеме со нов пристап во остеоситентеза на повреди на коските на шаката, а во тек се и активности за организирање на нов курс по микрохирургија. Особено ставаме акцент на едукацијата и усовршувањето на младите специјалисти и специјализанти. Тие се отворени за знаење, учење и позитивни промени. Преку престои во странство во реномираните центри за пластична хирургија во Виена, Упсала, Мадрид имаат можност да учат од водечки професионалци во нашата област. Исто така тие активно се вклучени во секојдневната работа на нашата клиника, во едукативните состаноци каде тие презентираат техники од областа на реконструктивната хирургија под менторство на специјалистите и професорите од нашата клиника како и во научно истражувачките проекти. Во тек е колаборативен базично научно истражувачки проект во врска регенерација на периферни нерви кај анимален модел, во кој се вклучени Универзитетската клиника за пластична хирургија, Медицински факултет – Скопје, Институтот за биологија, Природно математички факултет и Факултетот за ветеринарна медицина. 

Иднината ја гледам во младите колеги кои сега станаа специјалисти пластични хирурзи или се на крај од специјализицијата. Верувам во нивните способности, ентузијазам, знаење и истрајност - особини кој треба да ги поседува еден пластичен хирург кој се занимава со реконструктивна микрорхирургија.Подржувајќи ја нивната едукација инвестираме во иднината на нашето здравство, заклучува во разговорот за Фактор директорката на Клиниката за пластична хирургија.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив