19 Мај, 2024
0.0310

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

Објавено во: Македонија 28 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Немало потреба од затворски притвор за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, бидејќи обезбедувањето на неговото присуство може да се постигне и со примена на поблага мерка, а и законот налага траењето на притворот да биде сведен на најкратко нужно време. Ова се причините поради кои Врховниот суд ја уважи жалбата на Ѓорчевски и му определи домашен притвор, јави телевизија Телма. 

„Ваквата одлука Врховниот суд на Република Северна Македонија ја донесе имајки ги предвид и личните прилики на осомничениот кој што е со познат и утврден идентитет, со постојано и познато место на живеење, поседува недвижен имот на свое име, досега е неосудуван и против него не се води постапка за друго кривично дело, а особено околноста што определените мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот се похумани од претходно определената мерка притвор и со нив ќе бидат постигнати истите цели и ефекти како и со мерката притвор,“, соопштиле од Врховен суд.

Ѓорчевски од декември беше во притвор во Шутка, бидејќи е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Врховниот суд во својата одлука наведува и дека оправдана била одлука на Апелација дека Ѓорчевски може да се даде во бегство и дека тој може да ја попречува истрагата и да го повтори кривичното дело и затоа му е изречен домашен притвор. Највисокиот суд му определи и мерки на претпазливост на Ѓорчевски, односно забрана за издавање на нов пасош и преминување на границата со лична карта.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“