19 Мај, 2024
0.0276

ИМА ПАРИ И ЗА НОВИОТ ЛУНА ПАРК, А ИМА И ЗА ЗЕЛЕНИЛО... - еве за што Градот Скопје планира да потроши 115 милиони евра следната година

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Градот Скопје идната година ќе троши 115 милиони евра. 

Ова следува откако доцна синоќа советниците го изгласаа буџетот на метрополата, тежок 7,09 милијарди денари, или 115,4 милиони евра.

Всушност, буџетот за идната година на град Скопје беше изгласан со 28 гласови „за“, осум „воздржани“ и ниту еден „против“, а гласањето се случи доцна синоќа, по што од Град скопје ја пратија следнава информација. 

„Градот Скопје за наредната година донесе развоен буџет, со социјална компонента и соодветни мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. Благодарение на Советот на град Скопје и конструктивноста на сите советнички групи, граѓаните на градот Скопје за следната 2023 година имаат нешто над седум милијарди денари (7.094.386.000 денари) за реализација на проекти кои значат исполнување на програмата „За Модерно Скопје“. Следната година од буџетот на град Скопје, одвојува и значителни средства за субвенции на социјално ранливи категории граѓани кои имаат потешкотии поради актуелната економска и енергетска криза. Продолжуваат програмите за субвенции за граѓаните кои беа актуелни и во оваа година која изминува. Благодарение на конструктивноста на советниците од сите советнички групи во Советот на Град Скопје, за следната 2023 година граѓаните ќе добијат буџет кој ќе значи и реализација на проекти за подобрување на јавната инфраструктура, подигнување на нови зелени површини, нови содржини во зоолошката градина и реализација на новиот Луна Парк. Скопје, со новиот буџет сигурно чекори кон својот нов, модерен лик“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Претходно, пак, градоначалничката, Данела Арсовска, на присутните советници од говорницата им порача дека буџетот е лимитиран поради енергетската и економската криза и изрази благодарност до советниците од Левица, ЛДП и ДУИ кои одлучиле да не поднесат амандмани на предложениот буџет. На советниците од ВМРО – ДПМНЕ им рече дека не се конструктивни и сакаат да го блокираат буџетот со несериозни амандмани. Тие предложија амандман за реконструкција и изградба на улици во скопските општини за кои, пресметале дека се потребни се милиони денари. Според Арсовска пак за да се реализира овој амандман потребни се милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“