ИМА САМО 4 ГОДИНИ: По 4 дена девојче е извадено живо од под урнатините во Измир
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2020
Ајда Гезгин која има само 4 години е извлечена жива од под урнатините на една зграда во Измир, дури 4 дена по силниот земјотрес кој однесе 100 животи.
Таа 91 часа била под урнатините.
Додека спасувачите ја носеле завиткана во заштитно ќебе, девојчето прозборело и побарало да ја види својата мајка, на што толпата аплаудирала.
Мајката на Ајда не преживеала, а нејзиното тело, нешто подоцна е пронајдено под урнатините на зградата.
„АП“ дознава дека таткото и братот не биле во зградата
во моментот кога се урнала.
Тунч Сојер градоначалникот на Измир вели дека ова е чудо.
Претходно, три деца без извадени од под урнатините по 3 дена откако се случи земјотресот.