Имаат туристи три пати повеќе над европскиот просек
Објавено во: Балкан 19 Август, 2017
Во земјите од ЕУ просечниот раст на бројот на туристи е 7%, а во БиХ во јуни имале скоро 20% повеќе туристи.
Истиот месец имало 243.477 ноќевања, односно за 17.5% раст.
Најмногу туристи имало од Србија, Полска, Хрватска, Италија, Турција, Словенија и САД.
Во просек туристите во БиХ остануваат по 3.9 дена.
Трендот на пораст на туристички посети ќе продолжи и овој месец, а најверојатно и идната година.
БиХ спаѓа во група на мал број европски држави каде бројот на странски гости е поголем од бројот на домашното население.