ИМАЛЕ ДОЛГ КОН ТУРЦИЈА: Џихадисти спремни да се борат против Грција ако е потребно
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2020
Исламист се заканува дека ќе мобилизира луѓе да се борат на страната на Турција против Грција.
Се работи за џихадистот Сухеил Хамуд кој изјавил дека, доколку дојде повик од Турција, ќе ја напушти Сирија и ќе ги однесе своите борци во војна против Грција.
Рече дека сириските џихадисти имаат долг кон Турција за сета помош која Анкара им ја пружила во војната против сириската влада.
„Сега е време да го вратиме долгот. Ако некој не праша: "Ќе одите ли на грчката граница?", мојот одговор е да", напишал таканаречениот Абу Тов.
Хамуд, попознат по прекарот Абу Тов, е милитант од таканаречената "Сириска национална армија", која ја финансираат и обучуваат Турците.
Тој својот прекар го добил уште на почетокот на војната во Сирија, кога се прославил како оператор на протитенковските ракети "Tow", со кои Американците ја снабдувале таканаречената "Слободна сириска армија".
Односите помеѓу Грција и Турција се заострени последните месеци поради одредени ресурси.Но, Грција бурно реагираше откако Турција донесе одлука со која Аја Софија од џамија станува музеј.
Во медиумите се појавија и вести дека германската канцеларка спречила да се појави воен конфликт меѓу Грција и Турција.