18 Мај, 2024
0.0359

Имало обид за ликвидација на Петар Богојески?

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Автомобил вчера се обидел да го истурка Петар Богојески од Македонски концепт на патот Крушево - Прилеп со цел да предизвика сообраќајка несреќа. 

Богојески за Фактор потврдува дека случајот е пријавен во полиција, дадени се податоци за возилото, а сега на потег е МВР.

„Очекувам да ме известат кои се лицата и кој е мотивот за стореното. Сега се чека на МВР“, вели Богојески. 

Објаснува дека следењето почнало од неговата семејна куќа во Крушево, а во неколку наврати се обиделе да го истуркаат од патот и тоа на критични места, мостови, црни сообраќајни точки. Богојески не е повреден. 

Претходно, порталот „Народен глас“, повикувајќи се на извори во МВР објави дека се бара возило мерцедес С220 сива боја, со која бил нападнат самиот Петар. Напаѓачите дури четири пати се обиделе да го истуркаат од патот и да предизвикаат сообраќајна несреќа. Прогонот на Богоjевски започнал по излезот на Општина Кривогаштани во правец кон Прилеп при што двата обиди биле кај двата мостови од одводните канали, еднаш кај спортскиот аеродром во село Коњари и потоа непосредно четвртиот пат пред влезот на градот Прилеп кај местото обележано како црната точка на патот кон градот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8