02 Мај, 2024
0.0261

Имате бели дамки на ноктите? Еве за што не предупредуваат тие!

Објавено во: Стил 07 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Дамките на ноктите покажуваат абнормалност на нервниот систем, која може да доведе до болест. Овие дамки се појавуваат кога имате висок ментален стрес. Но, тие се само знаци кои ве предупредуваат да преземете одредени мерки за болеста што ви се заканува.

Постојат уште многу митови поврзани со белите дамки на ноктите, но едноставната вистина е дека повеќето од нив се должат на претходната повреда на ноктот.

Во некои случаи, белите дамки на ноктите може да покажат инфекција, но почесто тие се резултат на некаква повреда.

За разлика од модринките, белите дамки се појавуваат веднаш.

Според некои вообичаени митови, белите дамки на ноктите се резултат на недостаток на калциум и витамини. Понекогаш тие можат да покажуваат алергиска реакција на некои производи, како и реакција на лак за нокти, ацетон или стврднувач за нокти.

Многу луѓе кои носат вештачки нокти имаат бели дамки по отстранувањето на вештачките нокти. Ако забележите вакви дамки, консултирајте се со лекар за да ја утврдите причината за нивната појава.