05 Мај, 2024
0.0249

Името на Нобеловиот лауреат за мир е ...

Објавено во: Свет 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

И покрај неуспехот на договорот со ФАРК, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос не се откажува од борбата за постигнување на траен мир во јужноамериканската земја која над 50 години е поделена од крвопролевањето граѓанска војна. За овие свои напори Сантос беше награден сега со Нобеловата награда за мир.

Четиригодишните преговори меѓу колумбиската влада и бунтовниците од ФАРК завршија на крајот на септември, со потпишувањето на мировен договор. Неколку дена подоцна сепак колумбиските избирачи сосема изненадувачки го отфрлија на референдум договорот. Причината е во некои од клаузулите на договорот, кои според многумина, обезбеди премногу отстапки на ФАРК. Иако гласовите на колумбијците се против договорот со ФАРК, претседателот Сантос објави дека ќе продолжи да работи за мирот.

Граѓанската војна во Колумбија продолжува веќе над пет децении. До овој момент конфликтот зел над 300.000 жртви и протерал милиони од нивните родни места.

Откако ја доби Нобеловата награда за мир, колумбискиот претседател изјави дека мирот во неговата земја е „многу, многу блиску“, пренесе AФП.

- Ние сме многу, многу блиску до постигнување мир ... Јас ја примам оваа награда во нивно име: од името на колумбискиот народ, кој страдаше толку многу во оваа војна, напиша фондацијата на својата официјална страница на Твитер, цитирајќи го ексклузивното интервју со Сантос, откако тој ја освои престижната награда.

Вкупно 376 беа номинациите за овогодишната Нобелова награда за мир - повеќе од кога и да било досега во повеќе од 100-годишната историја на престижното признание. 228 од номинираните се одделни личности, останатите се организации.

Нобеловата награда за мир е поддржана со 8 милиони шведски круни, што е околу 830.000 евра. Носители на оваа престижна награда се лица како пример Шимон Перес, Нелсон Мандела, Барак Обама, Мајка Тереза ​​и Европската унија. Минатата година наградата му беше доделена на Квартетот за национален дијалог во Тунис.


Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време