ИНЦИДЕНТ НА КОСОВО: Повреден роднина на Харадинај
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2020
Пукање имало на Косово, при што е повреден роднина на екс премиерот Рамуш Харадинај.
Во Пеја во Косово повредени се две лица, а напаѓачот избегал.
Како што пренесуваат косовските медиуми еден од повредените е роднина на лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, односно станува збор за Ахмет Џекај внук на Харадинај.
Повредените не се во животна опасност, а второто лице кое настрадало е случаен минувач.
Полицијата работи на цечосно расчистување на случајот.
Неодамна Aнита Муцај Харадинај, новинарка на РТК и сопруга на Рамуш Харадинај, била примена во Ургентниот центар во Приштина откако била претепана од нејзиниот сопруг, пренесуваа албанските медиуми.