26 Април, 2024
0.0265

Индијците „полудеа“ по свадбите

Објавено во: Стил 06 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Индијците се опседнати од свадбите и од реалните шоуа. Затоа еден нов индиски телевизиски канал, кој се темели на овие две опсесии, ќе се потруди да привлече гледачи со тоа што ќе  емитува 24 часовна програма, посветена исклучиво на свадбените церемонии, пренесоа американските медиуми. Каналот Шагун, чија централа е во предградието на Њу Делхи - Ноида, ќе емитува 24 часа свадби, индиски ритуали, ергенскиот и момински забави, серии со свадбена тематика, програми за туризам, во кои ќе се претстават најдобрите дестинации за меден месец. Исто така ќе има и реални шоуа, следење проблемите на младоженците и турбулентните односи меѓу свекрвите и снаите. Секоја година „брачната индустрија" носи на Индија приходи од 38 милијарди долари. Се очекува оваа сума дури и да расне за 25 до 30 проценти годишно.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти