19 Мај, 2024
0.0279

ИНФЕКТОЛОГОТ РОГАНОВИЌ СО СОВЕТ ЗА СИТЕ КОИ ПАТУВААТ НА ДАЛЕЧНИ ДЕСТИНАЦИИ: Како да се заштитат од мајмунските сипаници

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Мајмунските сипаници се тема која ја окупира јавноста последните денови, а граѓаните кои имаат намера да патуваат на далечни дестинации се во дилема како да постапат за да се заштитат.

Со оглед на тоа дека ни претстои летната сезона, д-р Татјана Рогановиќ, инфектолог во Клиничкиот центар на Србија им препорачува на граѓаните кои имаат намера да патуваат да преземат превентивни мерки, како на пример за време на короната - редовно миење на рацете и дезинфекција.

- Секогаш советуваме да се води сметка за основните хигиенски и превентивни мерки и многу добро знаеме дека при патување во одредена земја потребно е да се знае какви болести постојат таму и соодветно да се спроведат одредени превентивни мерки - рече д-р Рогановиќ.

-Некогаш се доволни само мерки за лична хигиена, а понекогаш има хемопрофилакса. На пример, кога патуваме во земји каде што има маларија, користиме профилакса против таа болест или слично, за да се подготвиме за неа - рече таа и додаде дека кога станува збор за мајмунски сипаници, тоа особено се однесува на африканските и европските земји каде што има потврдени случаи..

- Она што би било совет за превенција за населението, е да се избегнува контакт со луѓе кои потенцијално би можеле да заболат од оваа болест, со животни кои потенцијално би можеле да ја пренесат оваа болест, како и со предмети кои би можеле да бидат потенцијално заразени со овој вирус и да се донесат соодветни хигиенски мерки, односно пред се миење раце - истакна д-р Рогановиќ.


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична