Добивај вести на Viber
Годишната инфлација во септември, во Германија, забави на 1,4 проценти, покажуваат податоците на германскиот Завод за статистика.
Како што пренесува Ројтерс, аналитичарите за овој месец очекувале непроменета стапка од 1,5 проценти, која беше забележана во август.
Забавувањето на растот на цените, Заводот за статистика, го објасни со умереното зголемување на цените на нафтените производи.