Добивај вести на Viber
Во 2012 година Шпанија забележа инфлација од 3 отсто, главно бидејќи потрошувачите платија висока цена за остриот раст на данокот на промет, соопшти Заводот за статистика во Мадрид.
Истовремено, покрај рецесијата и стапката на невработеност од 25 отсто, Шпанците се соочени и со раст на цените на стоките и услугите. Според официјалната статистика, минатата година цените пораснале за 3 отсто, најмногу поскапела храната и тоа зеленчукот, маслото и пијалоците.
Инаку, голем скок на инфлацијатата е забележан во септември, кога шпанската Влада го зголеми данокот на промет од 18 на 21 отсто, за да ги зголеми државните приходи и намали јавниот дефицит.