04 Мај, 2024
0.0272

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Објавено во: Мои пари 23 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Динамиката на промените во ИТ индустријата во последно време станува се поинтензивна, затоа од суштинско значење е постојаното следење на тие промени, односно надградување на експертизата и вештините на ИТ професионалците со цел да останат конкурентни на пазарот, истакнаа Филип Силјановски, генералниот менаџер на „Инграм Микро“ за Северна Македонија, Албанија и Косово и раководителот на техничкиот оддел за Југоисточна Европа на „Инграм Микро“, Игор Урошевиќ.

Тие во интервјуто зборуваа за тоа на што се должи нивниот успех во изминатите над 45 години, откако е основана компанијата, стручноста на вработените, понудите кои ги нудат на светскиот пазар, соработката со партнерите, како и тренинг центрите кои обучуваат кадри оспособени да ги следат најновите иновации во дигиталниот свет.

Силјановски какви обуки нудите во Инграм Микро тренинг центрите?

Силјановски: Ние овозможуваме цела палета на авторизирани и прилагодени тренинзи кои ги зафаќаат клучните области на технологијата како: Check Point, Veeam, VERITAS, VMWare, Kaspersky, Radware, AWS, Microsoft, Project Management Institute (PMI), Oracle, GDPR, Kaspersky, and HPE.Би сакал да потенцирам дека Центарот е официјален и ексклузивен партнер во мрежата на Pearson VUE, нудејќи им на ИТ професионалците пат до сертификација и напредување во кариерата.  Она што е специфично, е тоа што во Инграм Микро тренинг центрите обезбедуваат соодветна и персонализирана услуга, односно, имате можност да добиете целосна поддршка во однос на изборот на адекватен курс, како и во однос на вашите потреби за надградување на знаењето. Обуките ги спроведуваат врвни професионалци кои се вработени во „Инграм Микро“ и имаат долгогодишно искуство во своето работење. Овие курсеви се дизајнирани да го надградат знаењето на поединците со цел тие успешно да функционираат и напредуваат во дигиталниот свет.

Урошевиќ на отворањето на Центарот во Скопје, ги изнесовте успесите на останатите центри во Југоисточна Европа, ве молам да ни кажете нешто повеќе за тоа. Ја споменавте и експертизата на која вие интензивно работите и во вашите тренинг центри ширум светот. По што се издвојуваат вашите тренинг центри од останатите?

Урошевиќ: Она што посебно ме радува како претставник на овој регион е тоа што остваруваме огромен успех во нашите тренинг центри во Белград, Љубљана и Загреб, а тоа всушност значи дека голем број инженери ја надградија својата експертиза со наша помош. Препознаени сме како глобален лидер во ИТ индустријата, а тоа место е заслужено врз основа на нашата сеопфатност. Во споредба со другите центри за обука, тука морам да нагласам дека сите си имаат свои добри карактеристики, но нашата предност е тоа што целосно и темелно го познаваме пазарот, диструбутери на ИТ опрема сме, а дополнително и нашите обучувачи се едни од најстручните лица во светот. Постојано се разменуваат искуства меѓу експертите од сите центри, континуирано се работи на создавање на решенија за сите нови предизвици и се креираат курсеви врз основа на тие решенија. Суштината е да го премостиме јазот меѓу луѓето и технологијата, односно да бидеме „пред времето“ и да се справиме со барањата на пазарот.

Честитки за новиот Инграм Микро тренинг центар во Скопје. Што нуди центарот и кои се вашите очекувања?

Урошевиќ: ИТ професионалците во Северна Македонија сега имаат можност во Инграм Микро тренинг центарот во Скопје да посетуваат авторизирани и персонализирани тренинзи со кои тие ќе се обучат да одговорат на потребите на пазарот. Мојата перцепција е дека во земјата има врвни професионалци кои континуирано работат на унапредување на своето знаење, така што сметам дека отворањето на овој Центар е одлична можност за нив. Околу очекувањата, се разбира дека, како и во сите делови во Југосточна Европа очекуваме голем успех и во овој Тренинг центар. Модернизирањето на ИТ индустријата го следиме во чекор, односно ние сме дел од трендовите кои се диктираат, а тоа е од суштинско значење за експертизата.

Колку е значајно отворањето на овој Тренинг центар за ИТ индустријата во Северна Македонија?

Силјановски: Навистина многу, бидејќи во тој домен немаме конкуренција. Авторизираните тренинзи кои ги нудиме даваат можност за краток период да се постигне потребното знаење, односно со интензивна работа инженерите се опремуваат со знаење за потребната област. Додека, кога се спроведуваат персонализирани тренинзи, се детектираат инидивидуалните потреби на корисникот и се прилагодува материјата со цел брзо да се одговори на предизвиците со кои се соочуваат, а дополнително да го надградат своето знаење и да ги решават сличните проблеми во иднина и да се прилагодуваат на модерните текови. Од исклучителна важност е и тоа што сите наши тренинзи се сертифицирани.

Компанијата „Инграм Микро“ е глобален лидер во ИТ индустријата. На што се должи успехот?

Силјановски: Нашата компанија е основана во 1979 година и е еден од најголемите светски дистрибутери во областа на ИТ опремата. Нашата групација има претставништва во 45 земји и 154 дистрибутивни центри ширум светот и брои околу 27.000 вработени лица.  „Инграм Микро“ работи со над 1.700 добавувачи и клиенти и работи со над 200.000 партнери во 160 земји. Од самото основање  ние сме позиционирани како глобален технолошки лидер, а нашиот успех се должи на постојаното следење на менливоста на пазарот, иновациите кои ги создаваме врз основа на потребите, како и на константното надградување на нашите експерти. Морам да посочам дека не постои друга компанија во светот која обезбедува толку широк и сеопфатен спектар на технички и логистички услуги. Ние на нашите клиенти им обезбедуваме широк спектар на услуги и решенија од „крај до крај“, како и поддршка во сите фази од деловниот циклус. Нашата главна цел е технолошка и логистичка поддршка за оптимизирање на бизнисите. „Инграм Микро“ им помага на своите партнери во пракса да го искористат целосниот потенцијал на напредните технологии. 

Зошто бизнисите ја остваруваат соработката со вас? Што им обезбедувате на вашите партнери?

Силјановски: Благодарение на глобалната инфраструктура и фокусот на Cloud технологиите, логистиката и напредните технолошки решенија ние им обезбедуваме на нашите партнери да добијат алатки и поддршка за успешно работење. Најголемите светски брендови и продавачи на ИТ решенија се потпираат на нас за да обезбедиме квалитет во нивниот бизнис. Нашата посветеност да инвестираме и да ги следиме новите технологии обезбедува безбедност за нашите клиенти. Исто така, на нашите партнери им обезбедуваме стабилност и ефикасност кога тоа им е најпотребно. Сакам да истакнам дека, како дистрибутери, нашата улога е да работиме со партнери кои обезбедуваат директна техничка поддршка на крајните корисници.

Споменавте дека постојано ги следите светските трендови и креирате алатки и поддршка со цел да се прилагодите на нив, зошто е тоа важно?

Урошевиќ: Од исклучителна важност, за постојан напредок и се поголема конкурентност е да се следат во чекор брзите промени во напредните технологии, и тука се позиционира нашата клучна улога - да им помогнеме на нашите партнери да се адаптираат на овие промени и да ги применат комплексните технички решенија ефикасно. 

Која вашата тајна на успехот?

Урошевиќ: Нашиот стратешки успех лежи токму во нашето искуство, длабокото познавање на секој пазар на кој работиме, иновациите и нашата посветеност да им обезбедиме на нашите партнери напредни решенија, врвни услуги, оптимални цени и соодветна поддршка. Ние, како лидери во „Инграм Микро“, размислуваме напредно и глобално и главната тенденција ни е постојан раст и напредок на светскиот пазар.

Споменавте дека малите и средни бизниси тешко ги следат постојаните промени, дали според вас тоа ќе се случува и во иднина?

Силјановски: Па за нив отежнувачка околност е и самиот период на воведувањето и продажбата на комплексните технички решенија, што е прилично долг, а и со неизвесни проекции за успех, токму поради тоа ние се стремиме да создаваме поиновативни решенија кои го иднина ќе им го олеснат процесот за да имаат одржливост на сопствените бизниси.

Какви се плановите на компанијата за во иднина?

Силјановски: Секако, да напредуваме што е можно повеќе и да го задржиме заслуженото место. Нашата главна цел е постојан раст и напредок и како што може да се забележи, во такот на изминатите години тоа и го докажавме. Остануваме први на пазарот, бидејќи во сегашноста работиме за иднината и создаваме кадри кои се стручни да одговорат на сите потреби на светскиот пазар. Ние знаеме како светот се движи напред, бидејќи ние се движиме „во чекор“ со него.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија