30 Април, 2024
0.0280

Иновацијата мора да се следи, на стара слава не се живее!

Објавено во: Анализа 11 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Историјата е полна со примери на компании кои биле ингорантски настроени кон нова надоаѓачка конкуренција. Компании кои ја негирале иновацијата и кои мислеле дека никој не им може ништо само поради тоа што го постигнале во минатото.

Ова се парафразирани зборови на Вејн Гиркси потпретседателот на Џенерал Моторс компанијата која беше спасена од владата во време на најголемата криза после големата депресија. Целта на потпретседателот на ЏМ била да го потенцира доаѓањето на конкуренцијата во форма на таканаречените електрични возлила. Ние веќе пишуваме дека овој сектор во автоиндустријата кој исто така како и традиционалните производители беше многу помогнат од владата, има сериозни проблеми, сепак главниот играч на ова поле компанијата Тесла конечно успеа да испорача профитабилен квартален резултат. ЏМ признава дека не смее да гледа на Тесла како на некојси производител на возила на батерии кои никогаш нема да успеат. Без разлика дали ваквите возила ќе си го најдат своето место на пазарот или не, компанијата мора да биде спремна за предизвиците кои ја очекуваат. Затоа што доколку се случи овој пазар да стане интересен, а компанијата да нема одоговор, резултатот може да значи пропаст. Џенерал Моторс си поставува основна задача да работи на својот модел Волт кој е конкуренција на Теслиниот С модел. Задачата е секоја година да се намалува цената на возилото за 10.000 долари годишно во наредниве неколу години. Неговата цена денеска е околу 50.000 долари и е послабо продавано возило од моделот С на Тесла. Инжинерите од ЏМ велат дека е потребно до 2015 година да успеаат да имаат возило кое ќе има квалитетна цена и перформанси. Ова ќе биде периодот до кога ќе се види дали за ваквите возила има иднина. Доколку навистина работат на случајот тоа ќе биде добар потег за ЏМ. Поука секако може да им биде производителот на паметни телефони Блекбери. Доколку се сеќавате за време на почетокот на првиот мандат претседателот Обама велеше дека никаде не оди без својот Блекбери. Опиени од успехот и мислејќи дека имаат идеален телефон, Ајфонот од играчка за тинејџери прерасна во култен телефон на новата генерација, додека стариот модел на Блекбери делува дека е далечна историја. Редакција Фактор