27 Април, 2024
0.0257

Иновативен дизајн: iPhone 8 ќе биде најскапиот во историјата?

Објавено во: Стил 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Apple сака Јубилејниот модел на iPhone да влезе во историјата со мноштвото технолошки иновации и иновативен дизајн, кои претстои да ги видиме наесен. Компанијата од Купертино сепак одлучила iPhone 8 да биде запаметен и со уште нешто - со нејзината цена. А таа нема да е воопшто ниска - околу 1.000 долари во САД и 1.000 фунти во Велика Британија.

Според аналитичарите Шон Харисон и Френк Карсон, Apple прави сè повеќе трошоци за развој на нови карактеристики и дизајн. Нивните пресметки покажале дека очекуваниот OLED екран, безжичното полнење, 3D камерата, функцијата за додадена реалност (AR) и поскапата меморија ќе ја зголемат производствената цена на еден уред со најмалку 10%.

Цената изгледа многу висока, особено кога се споредува со предводникот на Samsung - Galaxy S8, кој чини 689 фунти во Велика Британија.

Кети Хубер, аналитичар во Morgan Stanley, прогнозира просечна цена од 753 долари за iPhonе во 2018 година, додека порано очекувањата беа за 675 долари. Зголемувањето се објаснува токму со високата наводна цена на iPhone 8, како и со најскапиот iPhone 7 Plus, кој чини околу 100 долари повеќе од стандарден iPhone 7.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти