07 Мај, 2024
0.0228

ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗНА ОД КИАНУ РИВС: Станавме зомби, не уживаме во животот!

Објавено во: Стил 18 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Киану Ривс на Фејсбук објави фотографија и текст кои ги мотивираат секој од нас да биде подобар спрема себе и другите, и повеќе да го почитува животот.

Иако во моментов е „тежок“ 100 милиони долари, Ривс и понатаму се вози со подземна железница, и ужива во тоа. Татко му го напуштил кога имал само 3 години, останал без диплома откако го напуштил средното училиште а на тоа му претходела долга борба со дислекцијата.

Кога имал 23 години, неговиот најдобар пријател починал од предозирање. Ја запознал Џенифер Сајм во 1998 година, а година после тоа забременила. За жал, нивното дете не преживеало. Со Џенифер брзо се разделил, а неколку години после тоа, таа загинала во сообраќајна несреќа. Неговата млада сестра имала леукемија, а 70% од својата заработка од филмовите „Матрикс“ ги донирал во болниците кои лекуваат леукемија. Не носи фенси облека, нема голема куќа. Живее едноставно и смета дека се што и да ни се случи во животот, можеме да го надминеме.

Ви го пренесуваме неговиот пост на Фејсбук, целосно:

„Ги гледате ли овие луѓе зад мене? Брзаат на работа и не обраќаат внимание на ништо. Понекогаш сме фатени во замката на секојдневниот живот што забораваме да застанеме малку и да уживаме во убавините на животот.

Како да сме зомби. Кренете го погледот и извадете ги слушалките од уши. Кажете му „здраво“ на секој кој го видите и можеби ќе прегрнете некој кој е повреден. Помогнете му на некој. Треба да го живееме секој ден како да ни е последен. Она што луѓето не знаат за мене е дека боледував од депресија пред неколку години. На никој не му зборував за тоа. Морав да се борам со депресијата на свој начин. Личноста  која ме делеше од среќата сум ЈАС. Секој ден е драгоцен така што ајде така и да го третираме. Утре не е загарантирано, затоа живејте денес.