ИНСПИРАЦИЈА ЗА ВАШ БИЗНИС: 10 најбрзо растечки бизниси во САД
Објавено во: Стил 24 Август, 2016
Inc.com објави листа на најбрзо растечки компании во САД. Со увидот во оваа листа покрај самите информации кои индустрии моментално се хит во оваа земја, може да најдете и инспирација за ваш бизнис во иднина.
Компанија од Вирџинија која и помага на државната управа безбедно да ги складира податоците. Со приход од 25 милиони долари во 2015 госина, FedBiz IT Solutions забележал раст од 12,62 отсто.
Фирма од Питсбург специјализирана за пронаоѓање на лекови за пациенти со ретки болести. (Приходи 42,4 милиони, Раст од 2012: 13,38%)
Ова продукциско студио од Санта Моника им помага на брендови како што е Тојота во медиумски кампањи. (Приходи: 15,6 милиони, Раст од 2012: 14,4%)
Фирма од Њујорк им помага на сајтовите да остварат подобра интеракција со корисниците. (Приходи: 15,7 милиони, Раст од 2012.: 14,57%)
Оваа HR компанија им помага на компаниите така што им наоѓа вработени ширум светот. (Приходи: 17,7 милиони, Раст од 2012: 16,2%)
Оваа фирма работи од Атланта, а претставува социјална мрежа и ресурс за мали бизниси. (Приходи: 33 милиони, Раст од 2012: 23,48%)
Фирма во Индијана која се занимава со интернет продажба на домашна и градинарска опрема. (Приходи: 30,6 милиони, Раст од 2012: 23,61%)
Оваа фирма им помага на земјоделците на своите имоти да имплементираат соларна енергија. (Приходи: 33,5 милиони, Раст од 2012: 31,63%)
Фирмата соработува со 250 сопственици на барови и ноќни клубови во кои барем еднаш месечно се организира „школо на сликање“. (Приходи: 55 милиони, Раст од 2012 35,55%)
Оваа фирма од Лос Анџелес имала во 2015 година приходи од 116 милиони долари, а раст од 2012 е неверојатни 66 отсто. Тие имаат 650 претплатници во 35 земји во светот на кои секој месец им праќаат подарок кутија со колекционерски примероци кои одат од стрипови до реплики на реквизити од познати филмови.