30 Април, 2024
0.1639

„Instagram“ со нова функција – „приказни“

Објавено во: Стил 03 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Во апликацијата за фотографии Instagram се појави категории „Stories“ (приказни) за објавување на слики и видеа кои ќе се бришат автоматски по 24 часа. Новитетот овозможува да се собираат слики и видео во албуми.

Новата функционалност, која наликува на принципот на работа на месинџер „Snapchat“, нема да им овозможи на корисниците да го пополнуваат ѕидот на останатите со големо количество фотографии.

Коментар и „лике“ во овие Албум нема да има, но е можно да ги обележите омилени слики на следбениците, така што ќе пишете лични пораки.

Исто така ќе има пристап до листа на луѓе кои ги виделе фотографиите.

Опцијата „Stories“ е сместена во горниот дел од екранот на апликацијата.

Новата функција ќе биде корисна за оние кои сакаат почесто да ги споделат настаните од животот со своите следбеници, но тоа нема да ја исполнува лентата со слики. Instagram Stories, како што се соопштува од компанијата, ќе биде на располагање на глобално ниво во следните недели за корисниците на iOS и Android.