27 Април, 2024
0.0260

ИНТЕГРИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ВО ПРЕХРАМБЕНИОТ СИНЏИР

Објавено во: Колумни 16 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Подобрување на пристапот на пазарот

Се јавува тенденцијата на намалување на делот на земјоделството во цената на финалниот производ. Затоа има објективни околности – промена на моделот на исхрана и друго, но без сомнение таквиот развој го поткопува дополнително пазарот на производителите особено на малите земјоделски стопанства. Интересите на земјоделците и на општеството бараат целосна мерка на ниво на политиката за подобрување на пазарниот пристап на земјоделските производители. Се знае дека пазарните проблеми имаат различни мерења за крупните и ситните производители како и за одделни пунктови кои можат да се групираат во неколку групи:

Интегрирање на пазарот.  Развој на транспортната инфраструктура и намалување на транспортните трошоци се од голема важност за земјоделците. Исто така е важен развојот на комуникациите и пристап до информации особено од широко појасен интернет.

Развој на пазарната инфраструктура. Функционирањето на развиен систем на стокови берзи, тржници  и пазари, обезбеденоста со ладилници и услови за примарна обработка на производството е од особено значење, а особено за помалите производители. Досегашното искуство покажа дека е потребна уште поголема поддршка на државата за реализација на проектите во таа област.

Кооперирање на производителите. Тоа е природно решение на проблемот, кое овозможува да се здружат ресурсите за потребните инвестиции како и да се реализира економија од голем обем. Во исто време, кооперирањето ја зголемува пазарната моќ на произодителите и им овозможува на производителите  да оствари подобри услови за реализација. За жал создавање на организација на производители е скоро незабележан.

Ефективна конкуретска средина. Високата конкуренција на производството во прехрамбено-преработувачкиот сектор и трговија се општо позната пракса во некои области, се поставува прашање за промена на законот за заштита на конкуренцијата. Толерирањето на монополски договори би било штетно за земјоделството. Прашање е дали тој закон е во состојба да ја одврати појавата на доминантни стопански структури и доминација на односи. Втората група мерки се однесува на создавањето и поддршка на плурална структура во откупот и трговијата со земјоделски производи. Трето, поголема транспарентност во формирањето на цените ќе биде корисна како за производителите така и за потрошувачите. Специјално внимание заслужува ограничувањето на случаите на “асиметрично” формирање на цените, каде кај пораст на фармерските цени растат и потрошувачките крајни цени, додека кај намалувањето на фармерските цени, потрошувачките цени се задржуваат на достигнатото ниво. И четврто, треба да се престане со праксата за можно етикетирање на производите.

Развој на локалните пазари и регионални производи

Големите синџири за дистрибуција на храна, чија што дел во трговијата расте, налага произодство на големи партии стадардизирани и еднообразни производи. Во тие услови разнобразноста на продукцијата и специфичните квалитетни карактеристики се во заден план. Во исто време, потрошувачката предност кон квалитетни производи кои освен тоа се дел од  регионалната идентичност и од разнообразноста на условите на континентот даваат можност  на помалите, но бараат и повеќе труд и трошоци на стопаството. Тие стопанства треба да добијат поддршка за развој на каналите за реализација и за подиректен пристап до потрошувачите. Освен тоа, означувањето на географскиот реон на производот и на користените методи на производство треба да го дадат статусот на  “регионален”  производ.

Развојот на локалните пазари треба да има поважно место во аграрната политика. За тоа има повеќе причини: одговара на интересите на потрошувачите, го запазува создавањето преку годишните култури на производството и потрошувачката, придонесува за заштита на локалната идентичност и др.

Од аспект на структурната и регионалната политика тоа е ефективна , пазарно ориентирана мерка која може да ги поддржи малите земјоделци како и оние од реоните на природно ограничените за земјоделство дејности. Во услови на глобализација упехот на локалните пазари и производи може да се спротивстави на процесот на унификација на производството и потрошувачката. Подобрениот пристап до пазарот во процесот на глобализација овозможува на покрупните фарми да го зголемат доходот преку реализација на економија од голем обем. Шансата на малите фарми е да произведат квалитетни производи високо финализирани. Јакнењето на локалните пазари на регионалните произоди со специфични кфалитетни карактеристики е политика со релативно силен потенцијал во таа област.

Развој на производи со високо додадена вредност во   прехрамбената  индустрија

Висок развој на конкурентската способност и пораст на дел од производите со високо додадена вредност е од клучно значење за животната способност на македонското земјоделство и прехрамбената индустрија. Интеграција на земјоделството и прехрамбената индустрија е реален одговор на тенденцијата за намалување на делот на примарното производство во обемот на вредноста во рамките на прехрамбениот синџир.

Конкуретската способност на прехрамбениот сектор заедно со други фактори, ќе зависи од развој на производите со  повисоката финализација, кое може да се  постигне преку:

-Поголемо интегрирање помеѓу преработувачите и добавувачите на суровини како услов за квалитет со специфични карактеристични прехрамбени производи, како и реализација на интегрирани инвестициски проекти кои го опфаќаат производството на примарни производи (суровини) до крајна реализација.

-Интегрирање на македонското земјоделство со големи компании за производство, трговија и дистрибуција на прехрамбени производи.

-Запазување на производство на производи кои одговараат на вкусовите  и прехрамбени иновации на потрошувачите на внатрешниот пазар како и на таканаречените етнички пазари во странство.

-Утврдување на квалитетни производи со специфични национални и регионални карактеристики како и тие со заштитено географско потекло.

-Поддршка за развој  на органското производство.  Тоа вклучува како ширење на познатите, така и воведувае на нови технологии, поддршка со спецификација на производите, идентификација и разработка на нови пазари и примена на комплексна пракса, поврзување на производството со туристички и други услуги.

-Разработка и реализација на надворешната трговска стратегија со прехрамбени производи.

Автор: проф.д-р Борис Анакиев 

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД