16 Мај, 2024
0.0260

Интернет за сè – иднината на бизнисот

Објавено во: Анализа 27 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

2014 Година според експертите ќе биде година за пресвртница во технолошкиот свет, бидејќи акцентот во овие 12 месеци ќе падне пред сè врз новиот дигитален контекст. Влегуваме во ерата на поврзани уреди, кои ќе им  дадат на компаниите многу поголема близина до корисниците и соодветно поголем потенцијал за развој. Ова е нов чекор кон дигитализација на светот, а две компании - Cisco и 3TS Capital Partners - веруваат дека не само поединечни корисници, но и бизнисите ќе извлечат полза од сето тоа. Зборуваме за поголема конкурентност, нови можности за добивки и нови патишта за развој на бизнисот. Но, како ќе се случи тоа? Интернет за сè (Internet of Everything - IoE) Во основата стои т.н.. "Интернет за сите", кој овозможува поврзување на процеси, информации и статии во едно. Предусловите за сето тоа се зголеменото консумирање на мобилни уреди, се повеќе активното навлегување на облак услуги во нашиот секојдневен живот и потребата од чување и пристап до големи количини на податоци. "Интернет за сите ќе овозможи создавање на подобри, попродуктивни градови", изјави Мајкл Гантер, виш потпретседател за Централна Европа на компанијата за мрежни технологии Cisco. Според него пример за тоа е Барселона. Благодарение на Такт активностите на градоначалникот шпанскиот град успеал да стане место каде сè е поврзано меѓусебно. Новите услуги значат добри искуства полесно управување и соодветно оптимизирање на трошоците. Клучот за "поврзаниот" свет се крие во мобилнати апликации. Бизнисот со нив продолжува да бележи раст, а секоја недела излегуваат во просек околу 15 000 различни апликации за Smartphones. Благодарение на нив виртуелните услуги може значително да го олеснат животот во еден голем град. IoE значи крај на бескрајното лутање во потрага по место за паркирање. Статистиките покажуваат дека секој парижанин троши во просек по 3 години од животот во обиколка со автомобил во потрага по слободен паркинг. Пример за решавање на овој толку распространет проблем е мобилна апликација која се прикажува во реално време каде во градот може да се паркира, на тој начин се скратува времето за пребарување, се намалува сообраќајот на улиците и се ограничува загадувањето на воздухот. Можности Всушност Интернет за сите дава можност за подобрување на различни сфери од животот . Тој е клучот за подобро образование, но е и пат кон подобро  здравство преку употреба на дигитални здравствени системи . IoE е клучот кон создавање на нови работни места . Секој трет бизнис лидер очекува IoE да влијае на подобрувањето на ситуацијата на светскиот пазар, а речиси половина (47%) - дека овој нов тренд ќе има позитивно влијание и на нивоата на платите, токму заради создавањето на нови професии, покажува глобално истражување на Cisco од 2013 година. Во моментов Централна Европа се смета за жешка точка во однос на IoE, бидејќи располага со потребната инфраструктура и со човечкиот потенцијал и ресурс за создавање на поврзани системи. Според зборовите на Мајкл со доаѓањето на најпаметните уреди и нивната правилна употреба ќе се зголеми квалитетот на живот, додека градоначалниците на градовите ќе имаат корист од новите можности за подобрување на средината во која живееме. Безбедност Во позадина на засилените стравувања поврзани со заштитата на личните податоци IoE може да се соочи со голем број препреки . Според Гантер кон ова прашање не треба да се одговара наивно, а безбедноста е големо прашање, која стои пред бизнисот, бидејќи луѓето се исклучително чувствителни на оваа тема. Интернет за сè е можност за бизнис случувања, за создавање на мали, но важни гости, но е и клуч за донесување на важни одлуки. И ако  Западна Европа гледа во IoE неограничени можности, во Источна Европа тоа сеуште звучи повеќе како привидение. Создавање на слични системи бараат две клучни работи - пари и управници-визионери. "Пред некои земји стојат повеќе предизвици, но ние веруваме дека насекаде има умни луѓе", прецизира Гантер. К.К.