17 Мај, 2024
0.0278

ИНТЕРВЈУ АТАНАСОВСКИ: Успешната приказна што „Далма“ ја испиша во изминатите 15 години

Објавено во: Економија 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Креативноста и искуството на менаџерскиот тим и на вработените е клучна бизнисите не само да опстојат, туку и да се развиваат, да напредуваат и да бидат успешни, дури и во време на криза. Една таква успешна приказна е токму компанијата „Далма“, која низ годините покажа дека може да биде не само пријатен ресторан, туку и одлична компанија за кетеринг.Не само за сечиј дом, туку и за врвни настани, како и за обезбедување исхрана за вработените во компаниите. Уште еден убав повод, петнаесетгодишниот јубилеј од постоењето на „Далма кетеринг“, беше дополнителна провокација за нас да поразговараме со Дејан Атанасовски, сопственик на оваа компанија. Во интервју за Фактор,Атанасовски открива дека за овие 15 години постоење и успешно работење Групацијата „Далма“ покажува дека ништо не може да не оддалечи од вкусната храна. Иако сега, вели тој, поради мерките за заштита од коронавирусот треба да останеме дистанцирани од другите луѓе, до нашите омилени оброци сме поблиску од било кога.

Како започна приказната за создавањето на Далма, кои беа Вашите први чекори во бизнисот коj го градите и унапредувате низ овие 15 години?

Атанасовски: Како што се наближува крајот на оваа година, се потсетуваме на сите изминати моменти. Започнавме скромно, како мал бутик семеен ресторан, со речиси многу скромно искуство, а големи амбиции, и секоја година значеше растеж. Но,од самиот почеток „Далма“ цврсто ги следеше своите цели и најнови светски трендови кои ги применува во нејзината секојдневна работа. Почнавме со неколку маси, храна која беше претежно медитеранска, со многу нови, инвентивни јадења, и многу брзо гостите стануваа побројни и уживаа во интимниот простор на ресторанот, но и во јадењата што ги приготвувавме со многу љубов и внимание. Наскоро, луѓето почнаа да нарачуваат храна бидејќи резервациите беа пополнети со недели однапред, па таа испорака на храна прерасна во она што е „Далма“ сега. И оваа година го прославуваме својот 15-ти роденден, а со тоа се докажуваме како компанија препознатлива по својот единствен стил, извонреден квалитет и врвна услуга.

Кога се одбележуват вакви значајни јубилеи, секогаш е најдобро да се направи еден пресек во смисла што постигнавме досега, каде бевме а каде сме сега, и конечно, дали сме задоволни од сработеното што го оставаме зад нас. Можете ли да никажете нешто повеќе за тоа како Вие ги оценувате изминатите 15 години, дали тие беа успешни години?

Атанасовски: Како што растевме, мораше да се прилагодуваме на новите околности, за кои не секогаш бевме подготвени. Некои одлуки мораше брзо да се носат, а секоја од нив значеше и нова промена. Кетерингот е професија но и уметност, секогаш има нови трендови кои клиентите ги бараат, а тоа значеше и исполнување на нивните желби и замисли. Понатаму, се отвораа нови пазари, па од она што на почетокот беше кетеринг за семејни прослави и свадби набргу прерасна во кетеринг за големи настани, приеми, коктели, конференции...филмски кетеринг, индустриски кетеринг. Со напорна работа, посветеност и максимална грижа сите овие години за она што го бараат нашите клиенти, групацијата „Далма“ прерасна во сериозен партнер кој секоја идеја и фантазија на клиентот ја преточува во реалност. Компанијата се подели во три големи сектори кои нудат широк спектар на разновидни услуги, започнувајќи од фин кетеринг, опрема за организација на настани, па до индустриски кетеринг, наменет за исхрана на вработени во компаниите. Нашата движечка сила за ова достигнување отсекогаш била поводот за прослава, да се биде потпора на луѓето и најсреќните моменти да ги направи совршени. Кога она што го работиш те прави среќен, самите резултати го потврдуваат квалитетот. Затоа, секоја свеченост на клиентите претставува нов предизвик и одлична шанса „Далма“ да го постигне она што најдобро го умее - да биде причина за радост и со секој подготвен оброк да ја направи забавата комплетна. Дури и нашето мото е „Бидете гостин на сопствената забава“, што само покажува дека ние сме тука за да го пресретнеме секое барање и да го организираме секој детаљ што клиентот го замислил.

Како што и самите велите, корона кризата силно го погоди угостителскиот сектор, заради бројните мерки и ограничувања кои мораат да ги почитуваат рестораните. Дали тоа беше уште еден предизвик и поттик дејноста кетеринг во Вашата групација дополнително да се надгради и што конкретно нудите во оваа област?

Атанасовски:Јубилејната15-та година ја почнавме исправени пред големи искушенија и предизвици предизвикани од корона кризата. Многу работи се променија, животот веќе не беше ист. Тоа значеше не само преструктуирање на капацитетите, туку и прилагодување на целосно нови услови кога работите со храна. За среќа, успеавме да се прилагодиме на кризната ситуација, ги почитуваме до запирка сите протоколи за заштита и стандардите ISO 22000:2018 и HACCP за подготовка и транспорт на храна, за да обезбедиме целосна заштита на нашите клиенти и на услугата што ја нудиме. Далма никогаш во своето 15-годишно работење не импровизирала во ниеден свој сегмент, секоја фаза на подготовката и на испораката на храна е според најстрогите светски стандарди на ИССО и ХАССАП, така што нашето долгогодишно искуство исполнето со континуиран развој во полето на технологијата со која работиме и иновациите во полето на кетерингот, како испособноста  за адаптација ја потврдија нашата подготвеност за справување и во време на криза.

Откријте ни нешто повеќе за индустрискиот кетеринг, тоа е сепак, нешто ново во земјава, како дејност која почнува да се развива во последниве години. Што на овој план Вие им нудите на клиентите и дали има интерес за индустрискиот кетеринг?

Атанасовски: Тоа е нашиот најнов сектор за индустриски кетеринг кој нуди различни можности за исхрана на вработени, како in-house готвење во самата локација или ѕвездесто распоредување со таканаречен ладен ланецод својата модерна и најсовремена индустриска кујна во Скопје, „Далма“ за помалку од двегодини во арената на кулинарскиот свет се наметна како јасен лидер и се издвои од својата конкуренција по квалитет и целосна безбедност на храната која ја испорачува до повеќе индустриски капацитети во земјава кои на своите вработени сакаат да им понудат врвна и високо-квалитетна исхрана.

Ова е нов амбициозен проект, со над милион подготвени оброци во краток период во Скопје и околината,  па „Далма“ во новата година овој пристап ќе го продолжува со ширење на индустрискиот кетеринг и со отворање на неколку економски центри ширум земјата.

Како дел од Вашите клиенти за индустрискиот кетеринг се социјалните установи како училишта и градинки, установи во кои исхраната и тоа како е битна, како ги избирате состојките за нивните оброци?

Атанасовски: „Далма“ има свој тим на технолози кои работат на изработка на предлог-менија кои се изработени следејќи ги нутриционистичките потреби на децата, и во однос на калориската вредност и во однос на разновидноста. Секогаш приоритет ни се домашните високо-квалитетни производи од кои се изработуваат јадења кои ги исполнуваат сите стандарди на врвна исхрана. Децата се посебно важна група, но и најранлива кога станува збор за исхраната - мора многу да се внимава најмладите да добиваат високо-квалитетна храна која ќе обезбеди нутриционистички баланс потребен за нивен раст и развој.

Ваши клиенти ододделот Индустриски кетеринг претежно се фирми...Каков е фидбекот од клиентите, колку грижата за оброците на вработените е важна во една организација односно фирма?

Атанасовски: Без разлика дали се работи за подготовка на оброци за деца, вработени во фабрики со потреба од поголема енергетска вредност на оброците или за вработени што се во канцеларија, секогаш се следат светските стандарди, а најновата технологија што ја имаме во индустриската кујна на ДАЛМА овозможува и безбедна подготовка и достава на оброците, во пакувалки, вакуум пакети, термокутии и термокинг комбиња. Ги следиме сите стандарди на испорака на топла или ладна храна која мора да следи одредена процедура на загревање по шок-систем. Исто така, огромно внимание се посветува и на начинот на служење и сервирање, а не само на подготовка и транспорт. Нашите клиенти секогаш се безбедни кога станува збор за оброци подготвени од наша страна, а оброкот мора да е комплетен и да ги исполнува калориските вредности побарани од клиентот и договорени со нашиот професионален тим.

Како се успева да се изгради една ваква убава бизнис приказна, кој е заслужен за сите постигнати резултати во изминативе 15 години?

Атанасовски: Компанијата располага со над 100 вработени стручни лица меѓу кои врвни готвачи, нутриционисти, технолози, организатори, инженери за звук и друг персонал, во кои компанијата континуирано вложува.Затоа, после 15 години постоењеи илјадници изработени настани од секаков вид - домашни прослави, дипломатски приеми, корпоративни веселби од различни големини, може да се каже дека „Далма“ не е само обичен кетеринг сервис. Со своето непрекинато растење и развивање, Далма е поим за целосно гурманско уживање и незаборавно искуство. Нашата листа на клиенти тоа го покажува и го докажува. Слухот за нивните потреби, квалитетот на храната се препознава. Важно е да не се застане тука, секогаш сме со поглед кон она што значи нов развој и нови технологии во секој сектор на нашата работа.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА