27 Април, 2024
0.0321

Интервју Давидовиќ: Уставниот суд може да го продолжи мандатот на СЈО, засекогаш да го затвориме ова мрачно поглавје

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Што ќе биде со СЈО откако ќе истече мандатот кој со закон е предвиден. Постојат повеќе правни дилеми во јавноста, па за да ги расчистиме направивме екстезивно интервју со адвокатот Ѕвонко Давидовиќ. Може ли СЈО да се претопи во ОЈО, дали тимот на Катица Јанева е доволно непристрисен но, и ефикасен за периодот кој измина? Сепак, станува збор за најголемиот кривично-правен потфат во историјата на независна Македонија, а истиот треба да продолжи и преку судските инстанци. Масовна поддршка за СЈО кај сите освен кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, има ли можност да се продолжи мандатот и на кој начин прочитајте во продолжение.

Фактор: Наскоро истекува мандатот на СЈО предвиден за покренување на истраги и обвиненија. Гледате ли правна основа за продолжување на овој рок. Засега нема политичка волја единствено кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, може ли во последен момент да се донесе таква одлука?

ДавидовиќТочно е дека наскоро истекува мандатот на СЈО за подигање на обвиненија  и апсолутно е јасно дека политичка волја нема од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ за продолжување на рокот предвиден за подигање на обвиненија и водење на истраги. Ова е последица на тврдењето на ВМРО ДПМНЕ дека СЈО е продолжена рака и инструмент на СДСМ за пресметка со раководството на ВМРО. Ова не држи ниту е точно од неколку причини. Прво и ВМРО ДПМНЕ е потписник на Пржинскиот договор и  иницијатор за формирање на СЈО. Во мигот кога тоа се случуваше *бомбите* веќе беа објавени и ВМРО ДПМНЕ знаеше со што се соочува особено кога гласаше во Собранието за Законот за СЈО. Разговорите кои беа објавени беа воглавном разговори на врвот на тогашната политичка структура која раководеше со државата. Втро, токму тој политички врв имаше можност да располага со буџетот и со сите иснституции и приходи на државата па е и нормално да се испита и утврди начинот на нивното работење. Трето, ВМРО кој беше комплетно инсталиран во структурите на МВР и УБК точно знаеше кого и колку прислушкува, што никогаш не може да се задржи во апсолутна тајност поради големиот број на актери кои учествувале во ваквото незаконско прислушкување. По однос на правниот основ за продолжување на рокот на СЈО за подигање на обвиненија, правниот основ постои и истиот многу лесно може да се продолжи само ако остои политичка волја на две третини од пратениците. Во мигот таква волја не постои што не значи дека нема да се создадат услови во блиска иднина особено ако се има во предвид напорот на еден дел од членовите на ВМРО ДПМНЕ за демократизација на партијата. Доколку тоа се случи и членовите на ВМРО ДПМНЕ ќе бидат заинтересирани за утврдување на вистината се со цел да не се жигоса целата партија туку навистина одговорните односно неодговорни поединци членови на таа партија.

Фактор: Што откако ќе истече овој рок, како СЈО ќе продолжи да функционира во делот на истражните дејствија. Да претпоставиме дека обвинение веќе е покренато, дали во текот на судската постапка може да се преземат дополнителни истражни дејствија?

ДавидовиќПо истекот на рокот за водење на истраги и подигање на обвиненија СЈО нема никаква законска и правна можност да води нови истраги или да подига нови обвиненија. Доколку не се измени Законот за СЈО во делот на роковите предвидени за подигање на обвиненија СЈО ќе може да ги застапува веќе подигнатите обвиненија и ништо повеќе.

Фактор: Еден од главните проблеми за СЈО во повеќе случаи како Мартин Нешковски, Монструм, Никола Младенов и други се сведоците, односно неможноста истите да бидат соодветно заштитени за што се бараше и посебен закон. Дали во наредниот период може да се донесат вакви измени и со какво мнозинство во Собранието?

ДавидовиќТочно е дека покрај опструкциите на државните и судските органи недонесувањето на измените на Законот за заштита на сведоци претставува еден од поголемите проблеми со кои се соочува СЈО. Постојат луѓе кои имаат сознанија за определени настани или дејствија кои осомничените ги превземале но, истите никако не моќат да бидат адекватно заштитени според постоечкиот Закон. Во постојниот закон Јавниот обвинител на РМ поднесува предлог за вклучување на определено лице во Програмата за заштита до Советот, а конкретно обезбедување и заштита е во надлежност на Одделението за заштита на сведоци при МВР. Имајќи го во предвид фактот дека Јавниот обвинител на РМ не само што јавно не го признаваше СЈО и го опструираше (поднесување на БЗЗ за Кочан на пример) туку беше и истакната фигура која ги штитеше интересите на врхушката која беше на власт. Покрај него и МВР кое беше комплетно партизирано во Советот членови се претставник на Врховниот суд на Република Македонија од редот на судиите, претставник од Јавното обвинителство на Република Македонија од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите во Министерството за правда, претставник од Министерството за внатрешни работи и раководителот на Одделението во Министерството за внатрешни  работи односно луѓе за кои исто така се бара одговорност за состојбата во судството и општеството. Овој Закон може многу едноставно да се смени односно дополни со една единствена реченица во која и Специјалниот јавен обвинител ќе има право да ги внесе во програмата за  заштита на сведоците а за нивната безбедност да бидат одговорни СЈО и нивните служби, што е сосема изводливо со оглед на екипираноста на СЈО и буџетот со кој располага.

Фактор: Може ли Уставниот суд со укинување на дел од одредбите за законот за СЈО во делот кој го пропишува неговиот мандат да придонесе за неограниченост на рокот за покренување нови истраги или обвиненија?

ДавидовиќУставниот суд може да реагира и да ја стави вон сила  одредбата со која се ограничува рокот за водење на истраги и подигање на обвиненија затоа што таа одредба е неуставна и незаконита. Кривично дело е кривично дело и истото не може да се ограничи на ниеден начин освен ако истото застари што е предвидено во Кривичниот законик или ако сторителот биде помилуван или амнестиран и на ниту еден друг начин одговорноста и истражувањето и утврдувањето на вината не може да се ограничи. Имајќи го ова во предвид Уставниот суд може да изврши корекции во постојниот Закон за СЈО по однос на роковите.Впрочем зошто определена категорија на луѓе би била привилегирана по однос на гонењето за сторени кривични дела, а другите не и тоа само затоа што биле на раководните функции во државата. Тоа е ниту законито ниту праведно ниту справедливо.

Фактор: СЈО е под големи критики дека имаше доволно време на располагање за сите истраги, дали потфрли тимот на Катица Јанева кога однапред се знаеја правилата на игра?

ДавидовиќОд првиот миг кога беше формирано СЈО почнаа критиките кон него и тоа од определена структура на луѓе која се осети загрозена во својата недопирливост зада тие критики поминат во отворена војна против СЈО. Еден дел од критиките со кои се соочија покрај необјективноста и пристрасноста беше и дека немаат успех во своето работење бидејќи сработиле многу мал дел од предадените материјали и подигнале или ќе подигнат мал број на обвиненија.Овие критики се упатени или од засегнатите или од нестручните бидејќи секој професионалец знае дека таков тип на истраги заедно со опструкциите трае многу долго. Утврдување на вистината е долг и макотрпен процес кој бара големо внимание, стручност и многу работа и време особено кога самите разговори не можат да бидат доказ во судница односно кога судот истите не ги прифаќа како доказ. За да ги преслушате разговорите, да ја утврдите содржината и евентуално утврдите постоење на елементи на кривично дело е долг процес кој тука не завршува бидејќи е потребно да се обезбедат и материјални докази за сомневањата, да се сослушаат сведоци, да се извршат вештачења а сето тоа бара многу време. Замислете само во еден предмет се сослушани 550 сведоци и обезбедени 11.000 вирмани што е голема и обемна работа. Тоа што однапред беа определени временските рокови за подигање на обвиненија не е одговорност на тимот на СЈО туку на политичарите а СЈО даде све од себе што подобро да ја заврши работата.

Фактор: Дали СЈО делува пристрасно во истрагите кои ги поведе, има критики дека функционери од другите партии како да се заштитени во целиот процес?

ДавидовиќПо однос на критиките кон СЈО дека пристрасно ги води истрагите кон поединци припадници на една политичка партија е сосема неиздржан и Ви објаснив зошто. Еве да повторам,ВМРО ДПМНЕ е потписник на Пржинскиот договор и иницијатор за формирање на СЈО. Во мигот кога тоа се случуваше „бомбите“ веќе беа објавени и ВМРО ДПМНЕ знаеше со што се соочува особено кога гласаше во Собранието за Законот за СЈО. Разговорите кои беа објавени беа воглавно разговори на врвот на тогашната политичка структура која раководеше со државата. Второ, токму тој политички врв имаше можност да располага со буџетот и со сите иснституции и приходи на државата па е и нормално да се испита и утврди начинот на нивното работење. Трето, ВМРО кој беше комплетно инсталиран во структурите на МВР и УБК точно знаеше кого и колку прислушкува, што никогаш не може да се задржи во апсолутна тајност поради големиот број на актери кои учествувале во ваквото незаконско прислушкување. И на крај СЈО работи според материјалите кои му се доставени и врз основа на кои бара докази и гради предмети, па ако материјалите се за определени поединци СЈО не може да измисли нови материјали од оние кои му се предадени. Ако имаат другите политички партии материјали биле  должни да му ги предадат на СЈО кое сигурно истите ќе ги истражело.

Фактор: Сметате ли дека можното формирање на специјално одделение во ОЈО е погрешен потег бидејќи првичната работа на тимот на Катица Јанева не е целосно завршена?

Давидовиќ: Сметам дека СЈО треба да ја заврши започнатата работа и дека не треба да се припои кон редовното обвинителство. А редовното обвинителство со доаѓање на нов и квалитетен Јавен обвинител на РМ може многу да придонесе во расветлувањето на сите случаи утврдувањето на одговорноста и вистината за да еднаш засекогаш го затвориме ова мрачно и мачно поглавје во кое државата беше заробена од една мала група на луѓе. 

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок