26 Април, 2024
0.0255

ИНТЕРВЈУ-ЏИЈАН ЕМИН: „Убиствените балади“ се омилени на мојата плеј-листа

Објавено во: Стил 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

За концертот Murder Ballads, кој наслов е позајмен од истоимениот албум на Ник Кејв, не беше едноставен процесот на избор на композиции. Сакавме да направиме концерт кој ќе ја ни ја доближи универзалната сила на лубовта но во исто време тоа претставување да не биде патетично, туку пореално и можеби побрутално како што е тоа случај во вистинскиот живот

Несекојдневна музичка програма подготви за утревечер Македонската Филхармонија, на концертот наречен „Murder Ballads“ (Убиствени балади) што ќе се одри во Филхармонија по повод Денот на вљубените. Нови, оркестарски аранжмани на безвременските теми на Леонард Коен, Ник Кејв, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра, Џони Кеш направи композиторот, диригент и мултиинструменталист Џијан Емин. Џијан ќе диригира со оркестарот, а како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“. Овој концерт е само дел од иновативните успеси на Џијан. На Илинден во 2014 година, на Охридско лето, Емин настапи со прочуениот продуцент и композитор на електронска музика Дерик Меј, како автор на новите аранжмани на неговата музика и како диригент, придружувани од Македонската филхармонија. Соработката на Џијан и на Дерик продолжи понатаму и на светско ниво, со настапи во градот на Меј, Детроит во САД, во Ница, Франција, и во Мелбурн, Австралија. Во интервјуто за Женски магазин успеавме да споменеме дел од многуте проекти на кои работи овој наш талентиран музичар, а тој ни откри и дел од неговата семејна приказна.

Целиот текст прочитајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти