20 Мај, 2024
0.0293

Интервју со Игор Иванов-Изи, филмски режисер и актуелен претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ)

ИНТЕРВЈУ ИВАНОВ-ИЗИ: Финансирањето на македонските филмови да се редефинира според европски стандарди

Објавено во: Македонија, Интервјуа 06 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

На филмско Скопје и на македонската културна сцена, од 9 до 12 јуни, во киното „Фросина“ во Младински културен центар, по четврти пат ќе им се случи „Златна рамка“, ревија на македонски филмови зад која како организатор стои Друштвото на филмските работници во соработка со Агенцијата за филм. Оваа година, манифестацијата е планирано да понуди девет филмски остварувања од минатогодишната продукција, од кои три долгометражни филмови, еден документарен и пет краткометражни филмови.

По повод новото издание на „Златна рамка“, како и за актуелните состојби во филмската дејност кај нас разговараме со режисерот и актуелен претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија, Игор Иванов-Изи.

Наскоро ќе се одржи четвртото издание на филмската ревија „Златна рамка“ во организација на ДФРМ. Од каде всушност се појави иницијативата за одржување ревија во која ќе бидат прикажани сите филмови од годишната продукција?

Иванов: Кога ја добив довербата на ДФРМ во мојата програма беше вклучен таков настан, затоа што македонската кинематографија веќе дојде до тој степен да има доволно филмови за една ваква ревија. Иако порано немаше толкава продукција, можеби вистинскиот мотив беше тоа што во изминатата деценија беа снимени филмови што никој никогаш не ги видел. Едноставно, се снимаа некакви документарни и кратки филмови, кои имаа некаква чудна премиера на чудно место. Ниту критиката, ниту публиката немаа увид во тоа што сѐ е снимено и каде се потрошени јавните пари. За нас беше важна демистификацијата на македонскиот филм и на тоа каде се потрошени јавните пари. Покрај основниот мотив, „Златна рамка“ дава можност и за дружење меѓу филмските работници, се доделуваат признанија за заслужните, а целиот настан ќе биде отворен со Редовното собрание на ДФРМ, кое ќе се одржи на 9. јуни.

Годинашното издание на „Златна рамка“ е проширено и со дополнителна работна програма и конференција со интернационални гости, како и отпочнување на социјална програма која ќе биде наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“. Како дојдовте на идеја за вакви придружни активности?

Иванов: Покрај ревијата на филмови од домашната продукција, за прв пат кај нас ќе биде одржана интернационална Конференција со учество на директори од национални филмски центри/фондови и странски продуценти од десетина земји. На конференцијата ќе бидат разменети искуства за начините на финасирање на националните кинематографии, домен во кој Северна Македонија се наоѓа на исклучително ниско ниво, бидејќи кај нас сеуште буџетската ставка која се однесува на филмска продукција е изведена произволно, паушално се одредува и е нестабилна, во смисла на тоа што властите едноставно ја менуваат според сопствено видување. Вакво нешто ва развиените европски земји не е можно, каде важноста на аудио-визуелниот сектор во културните, социјални и економски текови е на највисоко можно ниво.

Овогодинешната Златна Рамка ќе биде забележителна и по програмата „Фокус“,  еден вид општествено-одговорна акција за дисперзија на македонскиот филм до самите маргини на општествениот живот. Имено, ќе спроведеме серија проекции во болница, дом за стари лица, затвор, со што филмот ќе го направиме достапен и  за оние кои не се во можност да посетуваат кино и културни настани.

При вашиот реизбор за претседател на ДФРМ, најавивте дека фокусот ќе биде ставен на зголемувањето на националниот буџет за филм и други аудиовизуелни дела, како и на донесувањето нов Закон за филмска дејност.

Игор Иванов: Основните цели на Друштво се остварување и заштита на правата и интересите на македонските филмски професионалци кои делуваат на територијата на Македонија и во странство, обезбедување на континуиран развој на филмската дејност, стумулирање и унапредување на филмската професија, како и промоција на филмската уметност и култура. Актуелниот Закон за филмска дејност донесен во 2014. година не е во согласност со начелата на ДФРМ и веќе подолго време се бориме за донесување на нов Закон со кој би се стандардизирал националниот буџет за филм и конечно би се решил статусот на филмските работници во државата. 

ДФРМ се фокусира на редефинирање на моделите за финансирање во филмската дејност во државата. Иницијативата потекнува од константната неизвесност со која се соочуваме при промената на секоја власт, која со доаѓањето ги менува правилата според кои се финансира филмската продукција. Ние сакаме да работиме според стабилни европски стандарди. Друштвото на филмски работници предлага ставката за финансирање од буџетот на државата да биде по глава на жител и да бидат воведени даночни олеснувања и финансирање на филмот и преку локалната самоуправа. 

Покрај тоа што државата одвојува буџет за филмската дејност, порано имаше и алтернативни извори, како финансирањето од игри на среќа. Откако беше загубена таа поддршка, дупката во финансирањето не беше надоместена. Националните телевизии, исто така, имаат анимозитет кон поддршката на филмската дејност и не сакаат да сфатат дека кога остваруваат добивка од комерцијални програми, одреден процент мора да оди за поддршка на националната кинематографија. Тоа е европскиот модел според кој функционираат сите. Ако сакаме да бидеме дел од Европа, мора да го почитуваме тој модел. Филмската индустрија во Македонија покажа дека може, а сега на потег се институциите и секоја поддршка е добредојдена.

Една од вашите долгогодишни заложби е и конечното дефинирање на статусот на филмските работници. Дали наскоро може да биде решен овој проблем?

Игор Иванов: ДФРМ уште пред две години, при одбележувањето на 70 години од своето постоење си постави предизвик да се официјализира и дефинира статусот на филмските работници што е од круцијална важност за оваа индустрија. Станува збор за голем број професионалци  (мајстор на сцена, фар-мајстор, шарфер, гафер, мајстор на светло, гардеробер, асистент-костимограф и други), кои не се директни автори во процесот на создавање на филмот, но се важни чинители за секоја филмска продукција. Овие луѓе не се некаде вработени, односно станува збор за фриленсери што заслужуваат да имаат решен статус. Тиенапорно работат, некогаш и по 12 часа дневно, на терен, планина, во екстремни услови за хонорар, а кога ќе бидат физички немоќни да останат во професијата, би можеле да останат без заслужениот пензиски надоместок.

Покрај тоа, секаде во светот и во сите кинематографии постојат колективни договори и агенции преку кои се решава статусот на филмските работници. Сметаме дека на членовите на ДФРМ, а станува збор за стотина луѓе, треба да им биде дефиниран статусот. Во минатото тие биле вработувани во „Вардар филм“, а по распаѓањето на Југославија и трансформацијата кон приватни продуцентски куќи, овие луѓе останаа без никаква поддршка и поткрепа од државата. Филмските автори, како што се режисерите, сценаристи, директори на фотографија, монтажери, сценографи и костимографи имаат право на субвенции, додека сите други професии што учествуваат во градењето на сцената и сите луѓе што работат зад камерите, исто така заслужуваат да имаат свој статус. Со донесувањето на новиот Закон за филм се надеваме и очекуваме да биде решено и ова битно кадровско прашање во филмската дејност.

Фото: приватна архива, Виктор Иванов, Александар Ивановски, Роберт Јанкуловски

Можеби ќе ве интересира

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално по силно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже