22 Ноември, 2017
0.5276
    ALK 7231.17    -1.62%     BESK 10300    0%     GRNT 808.46    0.93%     KJUBI 1400    0%     KMB 2697.06    -0.11%     MPT 26306.88    -2.2%     OKTA 2530    -8.1%     RMDEN14 92.2    -2.95%     RZLV 45    0%     RZTK 450    1.81%     RZUS 106    -3.64%     SBT 1987    -9.86%     TNB 13500    0%     TPLF 1605.19    -0.11%     TTK 803.72    -1.5%     ZPKO 2601    0.04%

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун

Објавено во: Агробизнис, Мои пари 14 Ноември, 2017

Партнерството со Филип Морис е многу значајно за Комбинатот од повеќе аспекти. Со самото тоа што станува збор за партнерство со кое е формирана нова компанија, односно засебен ентитет со цел да ги поттикне позитивните страни на двете компании и тие да ги претвори во нова можност, вели Кирил Станкоски генерален директор на ТК Прилеп за Фактор.

Фактор: Долги години ТК Прилеп беше на листата на најголемите загубари во земјава и се соочуваше со сериозни финансиски проблеми. Каква е сегашната финансиска состојба на Комбинатот?

Станкоски: Непобитен е фактот дека Тутунски комбинат има наследена многу лоша состојба, што се должи на статусот долгогодишен загубар, но состојбата постепено се подобрува. Посматрајќи ги работите и како долгодишно вработен во Комбинатот, а и сега од позиција на менаџер, ми се потврдува ставот и цврстото убедување дека Тутунски Комбинат Прилеп има голем неискористен капацитет. Покрај тоа, можностите за максимално исполнување на капацитетите се отворија со стратешкото партнерство со Филип Морис и значајната помош што ја добиваме од таму. И сега, покрај ваквата состојба, на нас останува само доброто, паметно и рационално менаџирање на работите, а точно тоа ќе следи почнувајќи од сега па во иднина.

Фактор:  Во 2014 година склучивте договор за стратешко партнерство со Филип МорисИнтернешанел и формиравте заедничка компанија „Филип Морис ТК Прилеп“. Какви се резултатите од ова партнерство со компанија која е лидер во тутунска индустрија на светско ниво?

Станкоски: Партнерството со Филип Морис е многу значајно за Комбинатот од повеќе аспекти. Со самото тоа што станува збор за партнерство со кое е формирана нова компанија, односно засебен ентитет со цел да ги поттикне позитивните страни на двете компании и тие да ги претвори во нова можност. Благодарение на ова стратешко партнерство состојба во комбинатот значително се менува од онаа пред стартување на договорот, и оваа, во последниве години откако Филип Морис е нашиот партнер. Компанијата почна да работи со зголеменa продуктивност и оперативност, а во соработка со Филип Морис во наредниот период се очекува значително зголемување и на искористеноста на капацитетите во цигарната фабрика. Во идниот период се очекува ТКП континуирано да ги подобрува и финансиските извештаи. Сето ова почна да се случува од моментот на стартување на стратешкото партнерство. Факт е дека оттогаш започна нагорниот развој на ТКП, но сепак, наследената состојба беше до толку лоша што треба уште многу работа и време. Несомнено дека работите почнаа да се движат во позитивна насока, модернизација на производството, зголемување на производниот асортиман и на квалитетот на работа, примена на современи знаења во индустријата. Со еден збор ТКП беше загубар но се уште ја имаше моќта да се трансформира и да ги започне првите чекори кон постигнување на долгорочна одржливост. Сето тоа помогна да се помрднеме од лошата состојба, но можеби најмногу помогна тоа што со партнерството се отворија многу нови можности и се започна процес на трансформација од која ќе следат многу новини и поволности за ТКП.

Фактор: Соработката со Филип Морис доведе до почеток на осовременување на производството. Дали имате нови планови за модернизација, односно воведување во функција на нови машини, технологии и зголемување на капацитетите?

Станкоски: Станува збор за комплетна трансформација предизвикана од бројните новини и позитивни работи, што ги донесе партнерството со Филип Морис. Секоја од промените е подеднакво корисна и се одрази на различен аспект од работата. Почнувајќи од модернизацијата на производниот процес со нова машина обезбедена од Philip Morris International со што се подобри оперативноста на ТКП, зголемувањето на производниот асортиман со производство на светските брендови Честерфилд и Бонд, што Македонија и ТКП ја стави на мапата на производители на еден од најреномираните брендови на Филип Морис. Со примена на глобалните искуства и знаења во оваа индустрија што PMI несебично ги сподели со нас, значително се зголеми квалитетот на производите. И сега, за првпат откако е изградена фабриката, новиот менаџерски тим започна со проект за реновирање на истата, а во неа од страна на Филип Морис ќе биде инсталирана нова машина за производство на цигари со прогресивен формат. Сето тоа повеќе од било што говори за придобивките од ова стратешко партнерство.

Фактор:  Колку тутун откупивте од ланската реколта и дали се соочивте со проблеми во исплатата на откупените количини?

Станкоски: Изминатата година ТКП навреме го започна откупот на тутунот, а кооперантите беа задоволни од откупната цена. Реколтата беше со подобар квалитет во однос на претходната, 2015, кога поради обилните врнежи и неповолните временски услови, имаше неквалитетна берба. Од наша страна се испочитуваа договорите и исплатата течеше непречено, за што ТКП ги имаше обезбедено потребните услови и средствата беа навреме обезбедени. Заради големата конкуренција, понудата наспроти побарувачката исплатата ја вршевме во рок од 7 дена, иако во договорите беше предвиден рок од 30 дена.

Фактор:  Колкаво количество планирате да откупите за идната година?

Станкоски:  Досега имаме обезбедено средства за откуп на 2,8 милиони килограми тутун од годинашната реколта од вкупно 3500 кооперанти. Според она што досега е како проценка и временските услови што ги имавме оваа година, може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун. Конечните пресметки за тоа колкави количини ќе бидат откупени, се уште се одвиваат и на крајот конечно ќе зависат од она што тутунопроизводителите ќе го донесат за откуп. Количеството откупен тутун зависи од многу фактори, квалитет на понуда, договорен пласман и вкалкулирани проекции.  За разлика од претходните години, ТКП оваа година планирано е да ја врши исплатата на тутунот во рок од 3 дена од откупот, за што се обезбедени финансиски средства од страна на новиот менаџерски тим. Откупот на тутун за реколтата од 2017 година планирано е да започне во периодот од 15-17 ноември, согласно законските прописи.

Фактор: Во моментов во подготовка е новиот закон за тутун. Дали имате став во однос на овие законските регулативи?

Станкоски: Новиот Закон за тутун, во значителна мера ќе ги намали бирократските обврски на тутунопроизводителите, а значително ќе ги зголеми истите кај откупувачите. Мојот, како и ставот на Тутунскиот комбинат Прилеп, е дека ваквите промени се позитивни за тутунопроизводителите. Имено, планираните измени во Законот за тутун, опфаќаат ставање крај на евидентните листови (познат кај тутунопроизводителите како бел картон), како и ставање крај на чекањата пред подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Сите бирократски формалности ќе бидат преземени од тутунските компании кои ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели на кои се произведува тутун, како и Договорите за откуп на тутун да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

МАКЕДОНСКИОТ КОСТЕН ИМА ИДНИНА: Полицијата да ги спречи кражбите во тетовско

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ