27 Април, 2024
0.0326

Интервју на м-р Владимир Ефтимоски за Global Banking and Finance за тековните банкарски трендови во Македонија

Објавено во: Мои пари 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во последното издание на престижниот финансиски магазин Global Banking and Finance објавено е интервју на претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, м-р Владимир Ефтимоски, на тема „Тековните банкарски трендови во Македонија“.

Според Вас кои се тековните трендови кои се одвиваат во моментот во банкарскиот сектор во Република Македонија? Кои се предизвиците и можностите?

Eкономија во Република Македонија се наоѓа во една специфицчна и сложена ситуација. Предвремените парламентарни избори се одложени до сега веќе два пати при што во еден момент таа политичка криза се прелеа и на банкарскиот систем преку повлекување на дел од заштедата кај граѓаните. Позитивното и перпективното е дека населението доста брзо го препозна моментот дека банкарскиот систем во државава е сигурен и стабилен и за многу краток момент започна повратиониот процес на враќање на штедните влогови од граѓаните дури и во поголем обем од пред кризата. За жал мора да се констатира дека волјата и одговорноста на оние кои требаше да ја надминат оваа политичка криза отсутвуваше на почетокот но истото финишираше со дијалог и договор на крајот. Останатите трендови пред се завиеа од измената на низа на регулативи кои на некој начин директно и индиректно предизвикаа промени на банкарскиот пазар. Пред се во делот на измените во законите за нотаријат, извршување па до одлуките за третманот на отписи на нефинкционалните кредити и девизните плаќања. Од сите овие причини во изминатиов период банкарскиот сектор како и останатата економија се однесуваше доста инертно без поголеми промени но и потреси. Трендот на кредитирање не е премногу растечки но сепак е стабилен и позитивен, додека од страната на депозитите освен краткиот кризен период април-мај целиот овој изминат период мора да се оцени дека е позитивен и исклучително стабилен. Овие предизвици за групата на средни банки во кои спаѓа и Стопанска банка а.д. Битола се од исклучителна предност и можност за еден поголем пораст во однос на растото на пазарот, а од друга страна и можност за прочистување на кредитното порфолио. Ние како банка доста успешно ја искористивме инертноста на банкарскиот пазар со што банката заклучно со 30.06.2016 оствари вкупен раст на билансната сум од 14%, при што доминантни во овој пораст беа пласманите на физичките лица со 39% споредено со истиот период минатата година. Во исто време банката направи дополнително чистење на нефункционалното портфолио и учеството на нефункциналните кредити во вкупното кредитно портфолио е 2,97% и стапката на покриеност на нефункционалните пласмани со резервазии од 123,2% што се исклучетелно добри показатели за квалитето на работење на банката.

На каков начин однесувањето на клиентите и нивното зголемено придвижување кон користењето на безготовински трансакции го менуваат банкарството во Македонија?

Во однос на ова прашање Македонија е во предност во однос на поголемиот број на земји од регионот. Станува збор за мала земја која има добра комуникациска инфраструктура и силна покриеност со мобилна телефонија и интернет пристап на поголемиот дел од земјата. Од друга страна сепак најголемито дел од населението гравитира во Скопскиот регион што ја намалува потребата од поголеми инфраструктурни поврзувања. Согласно ваквиот начин на поставеност на работите најголемиот дел од корпоративните клиенти се насочени кон електорснките сервиси и плаќања но од друга страна граѓаните сепак се уште преферираат на користење на готовината особено од страна на повозрасните група на клиенти и пензионерите. Мора да се напомене дека овој тренд е во насока кон зголемување на безготовинските плаќања и електронски сервиси особено како доаѓа период на подмладување на клиентската база но и замена на пензионерите со нова клиентска база. За таа цел банкарскиот систем а особено средните банка како Стопанска Банка а.д. Битола сме силно насочени кон воведување на нови но и модернизирање на постоечките електронски сервизи. Банката во изминатиов период направи надграба на системот за електорнско банкарство, воведе систем за М-payment, во процес е на надградба на web страницата, започна со издавање и процесирање на два нови бренда на MasterCard платежните картички.За да го поттикнеме трендот на користење на овие сервиси покрај тоа што воведуваме определени бонусни шеми и бенифицирани провизии за нивно користење се дава и техничка подршка за повозрасните клиенти за нивна употреба и се укажува на предностите од нивното користење, можноста за 24 часовна достапоност и олеснување за нивно вршење без чекање на редици и зависност од лично присуство.

Да се осврнеме на кратко на развојот на производите. Што е она што го придвижува процесот на создавање во Стопанска банка а.д. Битола? Каква улога игра технологијата?

Како што претходно напоменав Банката посебно внимава на постојаниот развој во банкарската индустрија и на потребите на помладите генерации клиенти. Особено е важно да се напомене дека истото се случува во услови во кои клиентеи се уште ги немаат сменето комплетно своите навики, и за нивно услуќување сепак е потребна и раширена мрежа на експозитури низ земјата. Поради оваа спицифична состојба покрај вложувањето во нови сервиси и технологиј истовремено ние сме ориентирани кон нивна промоција и маркетинг. Развојот на продукти и сервиси не е гаранција дека истите ќе бидат и прифатени на пазарот. Постојаната потреба за нивна промоција и појаснување на клиентите за нивните предности е она кое ние се разликуваме од останатите на пазарот. Промоцијата и продажбата не е во онаа класична форма во која ние само исполнуваме таргети и бројки туку едукацијата и предностите кои се нудат со новите сервиси и технологија е основната наша мисија преку која се исполнуваат и плановите.

Дали е зголемена побарувачката на кредитите од правните лица?

Македонија е земја со мала отворена економија каде во пирнцип надворешните еконосмки движења немаат некое влијание на побарувачката и потрошувачката на домашното производство. Со други зборови ние како земја во апсолутни бројки произведуваме доста малку што без разлика колку ќе произведеме апсолутно истото ќе биде апсорбирано од странските пазари, нормално доколку станува збор за конкурентни поризводи. Од тие причини и корпоративниот сектор не беше директно премногу погоден од стана на светскта економска криза и потребата од кредитирањето не се намали. Но во услови на внатрешна политичка криза додје до зголемување на загриженоста на инвеститорите и одлагање на голем број на инвестициски поректи. Затоа уште на почетокот реков дека разрешницата на овој политички ќорсокак е клучен фактор за понатамошнито развој на економијата во земјата. Во вакви специфични услови продолжи циклусот на пораст на корпоративните кредити но со промена на нивната намена. Доколку во минатото се бараа долгорочни инвестициски кредити, сега акцентот е на кредити за ликвидност, за обртни средства и за рефинансирање на инвестициите. Со овие промени и понатаму пордолжува растот на корпоративните пласмани кој на годишно ниво е околу 10 %. Стопанска Банка а.д. Битола ја искористи оваа специфична ситуација и доста брзо се прилагоди со своите кредитни услови и продукти при што се насочи во сегментот на СМЕ каде најмногу се чувствува потребата за пласмани и оствари пораст во 2015 година од 15 % што е над растот на пазарот. Порастот најголемиот дел беше во сегментот на СМЕ кој е доста попорфитабилен споредено со сегментот на големите компани.

На кои начини вашиот оддел за работа со правни лица им помога на клиентите во управувањето со ризикот и зголемување на нивните приходи?

Управувањето со ризиците е еден од клучните фактори за кои водиме сметка при растот на билансната сума но и развојот на банката. Во склоп на банката постои посебен сектор кој е задолжен за управувањето со ризици како и посебна служба која е задолжена за кредитниот ризик. Ваквата организација на работењет е согласно светските банкарски стандарди со кои се разделени продажбата и ризиците. Продажбата е задолжена да го согледа бизнисот и плановите на клиентот, да го анализира неговиот биланс, а делот за ризици го прави истото но од аспект на ризици. Односно согледува каде се слабите точки во нивните биланси, детално го анализира готовинскиот тек за време траење на кредитот и финансискиот капацитет на клиентот да го отплати истиот. При оваа анализа проажбата најмногу е насочена кон советодвна и аналитичка улога за зголемување на приходите, додека организационит дел за управување со ризици правни анализа дали клиентот го има димензинирано бизнисот во обем које е оптимално профитабилен за него и дали ќе биде доволно ликвиден и солвентен за остварување на потфатот. Оваа симбиоза на двете анализи се клучни за клиентот да превземе доволно прифатлив ризик кој ќе ја зголеми неговата профитабилност а истовремено Банката да не биде изложена на преголем ризик со самиот пласман.

На кој начин обезбедувате квалитетна услуга за новите и постоечки клиенти?

-  Мислам дека ова прашање е поврзано со тртото прашање и може да се исфрли

Дали имате било какви тековни проекти кои би сакале да ги споделите со нас?

Стопанска Банка а.д. Битола е во постојан процес на развој и водење на голем број на поректи. Покрај тоа што постојано имаме интерни проекти за оптимизирање на нашето работење кои се поврзани со технологијата на работењето имаме постојано и проекти за развој во насока на воведување на нови сервиси и продукти. Моментално завршуваме три клучни проекти кои беа насочени кон развој на нова и оптимизирана web страна, воведување на два нови картични продукти од брендот MasterCard кои се и со опција за безконтактно плаќање, сервис за М-payment, но развивме и повеќе канален дистибутивен систем. Но, ние не запираме тука, имаме повеќе проекти за надградба на нашиот информативен систем со што дополнително ќе ги поедноставиме и убрзаме процесите и ќе бидеме поконкурентни и поефикасни на пазарот.

Какви се Вашите сегашни планови за развој?

Во овој моемнт насочени сме кон една активност која досега не ја има направено ниедна банка но и компанија во Македонија, а тоа е издавање на корпоративна обврзница како хибриден финансиски инструмент. Идејата за истото е дел од стратегијата за привлекување на стратешки инвеститори кои ќе го подржат понатамошниот развој и раст на Банката. Средствата од продажбата на оваа обврзница ќе бидат наменети воглавно за пласмани во корпоративнито сектор и ќе го подржат растот на банката во наредните пет години. Тоа е период за кој ние интензивно ќе работиме да го зголемиме нашето пазарно учество, да ја зголемиме профитабилноста и ефикасноста но истовремено да се наметнеме како играч на Македонскито банкарски пазар со доминантно домашен капитал кој би бил интересен за превземање или докапитализрање на странски стратешки партнер. Со ваквиот пристап како и во сегментот на технологијата така и во останатите сегменти од работењето клучната цел на Стопанска Банка а.д. Битола е да биде препознатлива како најиновативна, модерна и ефикасна банка на Македонскиот банкарски пазар.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“