26 Април, 2024
0.0305

Интервју Положани: Универзитетот Мајка Тереза ќе врши спојување, а не сегрегација

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Универзитетот Мајка Тереза треба наскоро да добие и целосно свој објект кој ќе се гради со средства на државата. Владата на Република Македонија за следната година предвиде средства кои преку МОН ќе се наменат за новата високо-образовна институција која од самото формирање предизвикува голем интерес кај јавноста. Македонија доби уште еден универзитет со 5 нови факулетети и 14 студиски насоки. Затоа решивме да му ги поставиме сите важни прашања на ректорот Азис Положани, особено во период кога се најавувааат нови реформи во образованието, но и во период кога се прават напори за изградба на искрено мултиетничко општество и запирање на процесот на сегрегација.

Разговараше: Христијан Станоевиќ

Фактор: Најактуелно е прашањето за изградба на објект за Универзитетот Мајка Тереза. Од Владата на РМ најавија дека во предлог Буџетот за 2018 се предвидени околу 2 милиони евра за изградбата. Дали тие средства се доволни и кога може да очекуваме конечно да започне изградбата на просториите на УМТ?

Положани: Да, после најавата, сега веќе на Веб страната на Собранието на РМ , стојат спомнатите средства. Ние како Универзитет ги продолжуваме подготвителните активности поврзани со проектот кои траат откако е избран идејниот проект, така да според мислењата на стручњаците, мислам дека 200 милиони денари ќе бидат икористени за изградба на почетните активности и првата фаза на објектот .

Фактор: Дали е одбрана локацијата на која ќе се гради УМТ или има се уште промени и кога очекувате да финишира изградбата?

Положани: Локацијата  е веќе позната, тоа е на дел од површините што ги користеше поранешната касарна Илинден, во површина од околу 2,2 хектара. Изградбата на објектот најверојатно ќе трае три до четири години, а за тоа да биде така многу е важно целата документација да се подготви со што е можно со побрза динамика.

Фактор: Кажете ни повеќе детали за актуелната состојба на УМТ, колку студенти се запишаа во новата академска година и што може да им понудите на младите кои сакаат квалитетно образование?

Положани: После задоцнетиоот почеток од минатата година, оваа година се направени сите неопходни активности за да ги дочекаме студентите подготвени. Така ова година до сега се запишани нешто над 500 студнети и заедно со минатогодишните веќе се создава кредибилна студентска – академска заедница достојна за добар почеток  и надеж за големи очекувања во овој правец.

Фактор: Претходно имаше обвинувања дека УМТ ќе служи како нов „албански“ универзитет. Дали тоа фрла сенка на целта на високото образование и дали се создаваат услови за нова сегрегација на студентите?

Положани: Една од причините за да се основа нов Универзитет од таков вид во Скопје, беше токму идејата за да се придонесе во зајакнувањето на социјалната кохезија, но и да се едуцираат кадри за новите потреби на пазарот на трудот.  Кога го велам го тоа имам на ум фактот дека самата локација на и високообразовната интитуција, во главниот град, само посебе ќе овозможи подобра комуникација и повеќе можности за заедничко делување во високото образование. А во однос на пазарот на трудот , сега е веќе јасно дека после усогасувањата на најбитните политички предизвици од доменот на меѓуетничките односи а и за самиот развој на демократијата, на ред ќе дојдат и економските прашања како елемент на еднаквост и равномерен развој во државата. На овој предизвик ќе може да се одговори само ако претходно се превземаат соодветни чекори . Отварањето на Универзитетот Мајка Тереза во Скопје, каде доминираат текничко-информативни и комуникациски програми , ќе биде од голема помош за навремено и адекватно справување со таквиот а и со други предизвици на општеството.

Фактор: Како стои УМТ кадровски, дали е доволно екипиран и каков вид на професори посакувате да предаваат, има ли високи критериуми или пак, има мешање на политичките структури?

Положани: Една од нашите цели во мисијата за поквалитено образование, несомнено се постигнува преку поквалитени кадри. За да дојдеме до нив, ние веќе повеќе од една година го повторуваме конкурсот за слободните места за да дојдеме до нив. Досега сме вработиле околу 70 % од потребниот кадар, другиот дел е во процес. Ако веќе прашувате за предизвици, да ви кажам право , за нас поголем предизвик ни е недостатокот на квалитетен кадар него кој од која политичка партија е. Досегашниот избор ни го потврдува ова. Ние сме плурално општество, од академската заедница не се бара да биде аполитична, но на универзитетот тие мора да ги извршуваат обврските предвидени со закон во согласност со светата мисија на образованието и не може да биде обојена или инструмент на било која политичка партија. Јас знам дека тоа не е лесно , дури во некои околности звучи и невозможно, но автономијата на универзитетот и академската слобода треба да го даде својот испит токму во вакви околности. Таа треба да предничи во создавањето и промоцијата  на духот на  слободната мисла, хуманитарните и други  вредности преку зајакнувањето на критичното мислење кај секоја индивидуа.

Фактор: ДУТ долго време се профилира како една од поважните образовни институции во западниот дел на Македонија од каде произлегоаа голем број на политичари меѓу кои и министри. Со оглед дека и вие самите имате политичко искуство дали УМТ ќе биде институција која ќе профилира кадри во актуелната политика и ќе му парира на ДУТ?

Положани: Универзитетот во Тетово одигра голема улога во стабилизација на севкупните социјални и развојни околности во Република Македонија. Точно е тоа дека неколку кадри од тој универизтет беа и во високи одговорни функции и тоа треба да не радува сите. Мисијата на УМТ не е да замени некого или уште помалку да парира некому. Ние претендираме дека сме најпотребниот одговор за новите предизвици  на нашето општество , и во овој контекст сакаме да го дадеме нашиот придонес заедно со другите  институции на високото образование воМмакедонија.

Фактор: Што според вас е неопходно да се преземе веднаш за да се подобрат состојбите во високото образование?

Положани: Според мене оценките за состојбите во образованието можат да се наречат како  престроги и не секогаш точни базирани. Но, мора да се сложиме дека треба да се превземат одлучни, јасни и добро конципирани мерки и активности кои треба да се применуваат хармонично секогаш водени од интересот на учениците и студентите и нивна подобра и безбедна иднина. Зборот реформа , намерно не сакам да го споменам , затоа што мислам дека толку многу се искромпромитира овој збор , што стравувам дека веќе никој не му го знае правото значење, за жал.!


Можеби ќе ве интересира

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг