26 Април, 2024
0.0291

НИКОЛА ПОПОВСКИ: Идниот прв министер за финансии го чека тешка работа!

Објавено во: Економија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Со оглед на сериозните проблеми со кои се соочува економијата, прелеаната политичка неизвесност и неодржливоста на јавниот долг – идниот министер за финасии го чека многу работа, смета универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски. Во интервју за “Фактор“ ги лоцира “слабите“ точки на економијата и проритетите кои чекаат решение.

Проблематични ќе бидат општините и јавните претпријатија

ФАКТОР: Како го профилирате идниот министер за финансии, со оглед на тоа што сега на оваа функција е технички министер за финансии, што треба да биде приоритет на неговата агенда?

Поповски: Една од најнеблагодарните позиции во идната Влада ќе биде местото на Министерот за финансии од причини што тешко ќе биде да има приоритети во состојба кога работите на скоро сите полиња се катастрофални. Активностите ќе мора да бидат фронтални, а не со еден, два, три или неколку приоритети. Токму тоа наметнува профил кој ќе мора во исто време да биде врвен и искусен стручњак за јавните финансии, но и ист таков политичар кој ќе знае кога треба да биде одлучен и цврст, а кога и за што да може да прави одредени компромиси. Секако тоа треба да биде и личност со силен стручен и политички авторитет.

ФАКТОР: Се ситни економската 2017 година – со прелеана политичка незвесност која веќе влијаеше врз намалување на очекувањата за економски раст. Се троши второто економско полугодие, кои според вас се клучните проблеми и што би требало да биде проритет на економската агенда?

Поповски: Клучните проблеми се со широк опфат што се протега од брза и темелна анализа и истражување на постојните состојби во економијата и сферата на јавните финансии што веројатно се многу потешки од јавно прикажаните, преку утрврдување на задачи, инструменти и мерки за краткорочна, но и за стратешка, долгорочна консолидација, па се до решавањето на акутните секојдневни проблеми. Во тој контекст ќе мора да се имаат предвид традиционалните проблеми на македонската економија со кои ќе мора да се соочи идниот министер и Владата во целина (низок животен стандард, висока невработеност, нефункционирање на пазарниот механизам, внатрешни и екстерни дефицити на економијата, ниска конкурентност на економијата, преголемата улога на јавниот сектор во економијата и сл.). Во оваа 2017 година во која веќе одамна сме навлезени ништо од ова не може да остане надвор од вниманието. Особено ни е потребна смислена и релативно брза фискална консолидација на централниот буџет, вклучувајќи ги и социјалните фондови, но и увид во фискалната одржливост на голем број на општини (ЕЛС), како и мерки за консолидација на голем број на државни ЈП што се од битна важност за економијата а сега се во очигледно проблематична состојба.

ФАКТОР: Дали и во кои сегменти би можело да има промена на сегашните економски политики. Дали треба да се интервенира во моделот за привлекување на странски инвестиции или во даночниот концепт ?

Поповски: Многу сегменти од економската политика ќе мора да се менуваат, а не само оние поврзани со СДИ или даночниот систем. Целиот систем на државна помош (вклучувајќи ги и СДИ) мора да се менува, заедно со буџетската политика, политиката на редистрибуција на доходот преку даночниот систем и јавните расходи, политиката кон пазарните структури во кои доминираат монополи и олигополи, технолошката и политиката на поттикнување на иновациите и знаењето, финансирањето и потрошувачката на фондовите (ПИОМ и ФЗОМ), институционални промени, инвестициската и политика за намалување на невработеноста и многу други. Односите на нашиот пазар во многу сегменти се целосно нарушени и тие треба постепено да се реформираат. Клучните политики насочени кон СДИ мора радикално да се променат од оние старомодните и очигледно неефикасни политики насочени кон нивно привлекување преку неселективи и обемни субвенции од буџетот за инвеститори во секторите со најниско образована работна сила и низок ниво на нови технологии кон политики на отворени врати за СДИ во еден современ европски економски и правен систем во кој компаративните предности на ефикасни институции, отворен пазар, стабилни услови за работење, користење на работна сила со високи квалификации и вештини во услови на производство со користење на високи и најмодерни технологии. Таквото менување на политиката бара време и напор, но вреди во таа насока да се почне веднаш.

Д.Д.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија