19 Мај, 2024
0.0304

Интервју со „Најдобриот наставник во поранешна Југославија“ - македонката Клементина Петрушевска: Моја најголема награда е детската насмевка

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Клементина Петрушевска е сопруга и мајка, воспитувач во градинка повеќе од 20 години. Посебен интерес и љубов, има за креативно изразување преку пишување поезија, проза и музика (пеење, компонирање, танцување). Љубителка е на филм, музика и долги прошетки во природа, патувања и сонце.

Неодамна се закити со наградата на која би се гордеел секој, „Најдобар наставник во поранешна Југославија“. По повод оваа награда, но и нејзината кариера, како е да се биде просветен работник, што ја исполнува во професијата, разговараме во денешното интервју.

*Почитувана Клементина, вие сте дбитничка на наградата „Најдобар наставник во поранешна Југославија“ на престижната конференција во Требиње. Што претставува за Вас оваа награда?

- Да се биде дел од наградените, најдобрите наставници од регионот на поранешните Југословенски држави претставува најпрво голема чест и привилегија, а секако и уважување и потврда за мојот долгогодишен работен ангажман и посветување во професијата како воспитувач во градинка и реализатор на низа воспитно образовни активности, проекти и настани кои директно влијаат на унапредување на раниот детски развој.


*Вие сте воспитувач во градинката „Весели Цветови“ од Кисела вода, како се одвиваше изборот, колку наставници бевте од Македонија, на што беше ставен главниот фокус ?

- За конференцијата и конкурсот за избор на најдобар наставник во регионот бев информирана од моја драга колешка и соработник од градинката која исто така е добитник на оваа награда пред некоја година што е доказ за важноста од меѓусебна соработка, поддршка и мотивација со цел да се унапредуваме во професијата. Инаку самиот избор се одвиваше по електронски пат, и за да се учествува во истиот потребно беше да се задоволат низа критериуми, поточно од 15 до 27 критериуми во делот на добрата пракса во воспитно образовната работа.

*Колку се корисни ваквите средби/конференции на наставници од регионот, за кои теми најчесто дискутиравте таму, споделивте ли слични мислења и проблеми, позитивни примери?

-Лично сметам дека ваков тип на средби, конференции се клучни за напредокот во воспитанието и образованието на децата бидејќи наставниците имаат можност одблиску да стекнат сознанија за различни искуства, предизвици, но и позитивни пракси кои се реализираат во градинките и училиштата. Дел од самата конференција беше и образовниот саем на кој се презентиравме како тим од нашата земја „Македонија мотивира“ каде на свој штанд презентиравме информативни материјали од институциите кои ги претставувавме и работата која ја реализиравме, а посебно место зазема делот за мотивација на учесниците на саемот и конференцијата преку изработки и мотивациски пораки со кои ги поттикнавме и поддржавме учесниците на конференцијата за кој бевме и наградени како тим од Македонија со посебен сертификат.

*Што сметате дека би требало да се примени во Македонија од образовните системи на другите држави?

-Во многу од тоа како функционираат образовните системи во регионот може да се забележат слични предизвици со кои се соочуваат наставниците. Лично сметам дека секогаш има што и каде да се унапредуваме во праксата. Професионалниот развој и вложување во дополнителна едукација и унапредување на знаењето, меѓусебна поддршка во воспитно образовните институции како и од ресорните министерства за градинките и училиштата сметам дека е клучно и токму затоа самите наставници се јавуваат и како основачи и иницијатори на различни форми за поддршка, соработка и унапредување во праксата како и вреднување и наградување на вложувањето на секој наставник/ воспитувач. Лично очекувам овој тренд на поддршка да го поддржиме како земја која има капацитети да биде и учесник, но и иницијатор на многу форми за унапредување на воспитно образовниот процес во градинките и училиштата. Целото интервју прочитајте го на Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража