19 Мај, 2024
0.0272

ИНТЕРВЈУ ЗА РАБОТА: Три најчести прашања и три најдобри одговори

Објавено во: Стил 18 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

„Сакате да бидете автентични, но мора и да се „продадете“, вели еден експерт за бизнис насочување.

Vicky Oliver дава одговори на три најчести прашања на разговорот за работа на кои кандидатите нејчесто „паѓаат“.

1. Зошто сте отпуштени од претходното работно место?

Да се носите со отказот е тешко само по себе, а кога некој ве праша за деталите, може да биде тешко да не се препуштите на негативните чувства.

„Бидете искрени, но прикажете ја причината за отказ на начин кој вам ви одговара“, советува експертката.

Клучот е да се фокусирате на позитивноста и да говорите за вештните кои ги научивте на претходното работно место. Немојте да покажувате лутина или негативни емоции за поранешниот работодавач“.

„Добиле ли и вашите колеги отказ? Сетете се на уште некои работи кои може да го прикажат вашиот отказ во што подобро светло“, советува Вики.

2.Зошто баш вие?

Ова прашање може да дејствува како навреда, но не смеете така да го доживеете. Кога потенцијален работодавач ве запраша „Што ве прави совршен кандидат за оваа позиција?“, немојте да завземете одбрамбен став туку сфатете го ова како најдобра шанса да се „продадете“.

„Работодавците го поставуваат ова прашање бидејќи сакаат да слушнат всушност зошто закате да работите во нивната компанија. Немојте да се вознемирувате, само одговорете на прашањето“, вели Вики.

Пред интервјуто подгответе листа со вашите квалитети и вештини и со секоја наведете и пример како би покажале се што можете.

3.Ако сега го повикам вашиот поранешен шеф, што ќе ми каже за вас?

„Признавам, ова е премногу. Но, немојте да се вознемирувате. Имајте на ум дека вашиот работодавач сака да ве тестира како реагирате под притисок“.

Кога одговарате на ова прашање, добро размислете што вашиот поранешен шеф би рекол за вас и зошто.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“