26 Април, 2024
0.0310

ИНТЕРВЈУ Зоран Крстевски: Националниот авиопревозник ќе го зголеми бројот на патници!

Објавено во: Македонија 17 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од суштинско значење е Македонија да има свој национален превозник со цел зголемување на бројот на патниците, како и за натамошно стимулирање на националната економија, вели во интервју за Фактор, Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ –Македонија“. Во двата аеродроми со кои менаџира ТАВ-Македонија досега инвестирала 120 милиони евра, сепак изгрдбата на карго аеродромот во Штип ќе биде одложена до 2020 година. Фактор: Колкав е бројот на патници на аеродромот Александар Велики - Скопје и Св. Апостол Павле–Охрид, во првите шест месеци од годинава и што покажува споредбата со претходните години? Крстевски: Од јануари до јули, 704.563 патници ги користеа македонските аеродроми, што претставува пораст од 17 проценти во споредба со истиот период во 2013 година, кога оваа бројка беше 601.345. Фактор: За колку е зголемен бројот на патници, откако концесијата на аеродромите ја има „ТАВ“? Крстевски: Во 2009 година, услугите на македонските аеродроми ги искористиле 599.571 патници, а во 2013 оваа бројка достигна 1.067.467 патници, што претставува подобрување од 67 процентуални поени. Фактор: На која дестинација најмногу се патува од Македонија? Крстевски: Најбараните пет дестинации за овој период од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Базел. Фактор: Колкав е бројот на патници кои ги користат нискобуџетните летови во земјава и дали е тоа задоволувачки број? Крстевски:Од јануари до јули, со Виз Ер (Wizz Air) и Пегасус (Pegasus) превезени се 338.081 патници (50.8%) од вкупниот број патници на Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, што е задоволувачка бројка.
ЗНАЧАЈНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ЛЕТОВИТЕ
Фактор: Дали има најава за намалување на цените на авиобилетите? Крстевски: Со влегувањето на нискобуџетните авиопревозници има значајно намалување на цените на билетите. Како аеродромски оператор, ние не можеме да обезбедиме каква било информација за билетите на авионските компании бидејќи секоја компанија си има свое одредување на цените во зависност од бизнис-моделот. Фактор: Со кои дестинации Македонија има директни летови, и дали се планира воведување на нови директни авиолинии? Односно дали има преговори со нови авиокомпании? Крстевски: Од Аеродромот Александар Велики – Скопје, има директни летови до Истанбул Ататурк и Сабина Гокчен, Виена, Цирих, Лондон, Лутон, Базел Милхаус, Малме, Белград, Дортмунд, Љубљана, Загреб, Гетеборг Саеве, Минхен Меминген, Ајндховен, Милано Бергамо, Венеција Тревисо, Стокхолм Никопинг, Дубаи, Дизелдорф, Келн, Брисел Шарлерој, Франкфурт Хан, Парис Бове, Рим, Берлин и Брисел, додека од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, има директни летови до Цирих, Брисел, Амстердам (летна сезона, 2014 г.).  Маркетинг-тимот на ТАВ е во постојана комуникација со авионските компании со цел да се зголеми бројот на редовните дестинации и да се олесни зголемувањето на бројот на постојните дестинации. Фактор: Дали и за кои дестинации има укинати директни авиолинии. И од кои причини? Крстевски: Во последниве две години нема укинување на постојните директни линии; продолжуваме да додаваме нови рути на веќе постојните. Фактор: Во однос на чартер летовите за летната сезона - годинава до каде има чартер летови и дали дестинациите оваа година се проретчени во споредба со други години? Ако е така од кои причини? Крстевски:Од скопскиот аеродромот „Александар Велики“ има чартер летови до Анталија, Катанија и Хургада.
ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ Е ДА ИМА НАЦИОНАЛЕН АВИОПРЕВОЗНИК
Фактор: Владата објави дека ќе се бара национален авиопревозник, дали имате некакви контакти со одредени компании и што е со „Туркиш ерлајнс“ која пред неколку години беше во игра за национален авиопревозник? Крстевски: Имаме добра соработка со Владата на Македонија и ги споделуваме сите информации и можности со цел обезбедување подобра услуга на македонските аеродроми и развивање на воздушниот сообраќај. Фактор: Дали на Македонија и е потребен национален авиопревозник? Крстевски: Од суштинско значењее Македонија да има свој национален превозник со цел зголемување на бројот на патниците, како и за натамошно стимулирање на националната економија. Во моментов оваа улога ја има „Туркиш Ерлајнс“ (Turkish Airlines), со 14 летови во неделата на релација Скопје-Истанбул, како и нискобуџетната компанија Виз Ер (Wizz Air), која што има летови до различни европски дестинации. Сепак, национална авиоикомпанија дополнително би го засилила растот на македонските аеродроми, создавајќи нови можности за патниците и бизнисите.
ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА ПАТНИЦИ Е ДОКАЗ ДЕКА НАШИТЕ НАПОРИ ДАДОА РЕЗУЛТАТ
Фактор: Колку субвенции се дадени досега од владата, а колку од „ТАВ“ за авиокомпаниите? Крстевски: Како ТАВ, ние се стремиме да ги направиме македонските аеродроми колку што е можно поатрактивни од деловна гледна точка за авионските компании. За таа цел, имаме блиска соработка со Владата и другите заинтересирани страни. Зголемувањето на бројот на патници, како и одлуката на Виз Ер да го користи Скопје како база се силни докази дека нашите напори дејствуваат. Фактор: Колкав е бројот на полетувања и слетувања на скопскиот и на охридскиот аеродром (лани и во првите шест месеци од годинава)? Како и паралела со годините пред „ТАВ“ да ги менаџира аеродромите? Крстевски: Во 2009 година, бројот на дестинации понудени од македонските аеродроми беше 15, додека во 2014 г. оваа бројка достигна 26. Во периодот од јануари до јули 2014 г. имаше 7.795 воздухопловни операции, што претставува подобрување од 9 проценти во споредба со истиот период во 2013 г., кога оваа бројка беше 7.128. Фактор: Кога ќе почне изградбата на карго аеродромот во Штип? Кој е крајниот рок, согласно концесискиот договор и дали има најава за пролонгирање, односно откажување на овој проект? Крстевски:Според концесискиот договор, наша обврска е да го изградиме карго аеродромот во Штип. Поради недостатокот од метеоролошки податоци, што се од суштинско значење за соодветно лоцирање на полетно-слетната-патека во согласност со меѓународните стандарди, започнувањето на проектот за Штип е одложен до 2020 година.
ВКУПНАТА ИНВЕСТИЦИЈА НА ТАВ ВО МАКЕДОНИЈА 120 МИЛИОНИ ЕВРА
Фактор: Колкава е досегашната вкупна инвестиција на „ТАВ“ на аеродромите во земјава? Крстевски: Имаме инвестирано вкупно 120 милиони евра за двата аеродрома, „Александар Велики“, Скопје и „Св. Апостол Павле“, Охрид. Фактор: Каква е сопственичката структура и колкава е вредноста на „ТАВ“? Крстевски: ТАВ Аеродроми е јавна компанија заведена на Берзата во Истанбул. Од 13 август, 2014 година, пазарната вредност на „ТАВ Аеродроми“ изнесува 3 милијарди долари. Компанијата е специјализирана во аеродромски операции. „ТАВ Конструкшн“ (TAV Construction), нејзината сестринска компанија, не е јавна и е специјализирана за проекти за дизајн и изградба на аеродроми. Фактор: Во кои земји „ТАВ“ ги менаџира аеродромите, освен во Македонија и каде бизнисот е најисплатив. Односно, колкави се приходите од останатите земји и во Македонија? Крстевски: ТАВ Аеродроми оперира со аеродромите во Скопје и Охрид во Македонија, како и со аеродромите: Истанбул Ататурк, Анкара Есенбога, Измир Аднан Мендерес, Анталија Газипаша и Милас-Бодрум во Турција. Компанијата исто така оперира со аеродромите во Тбилиси и Батуми во Грузија, аеродромите Монастир и Енфидха-Хамамет во Тунис, аеродромот Медина во Саудиска Арабија, како и аеродромот Загреб во Хрватска. Холдингот исто така оперира и во други области од аеродромските операции, вклучително бесцарински продавници, храна и пијалаци, услуги за прифат и отпрема, ИТ, услуги за безбедност и работа. ТАВ Аеродроми исто така оперира со бесцарински подавници, храна и пијалаци и останати комерцијални области на Аеродромот Рига во Латвија. Фактор: На годишно ниво, колку патници минуваат низ аеродромите со кои менаџира ТАВ? Крстевски: Заедно со подружниците, компанијата опслужила околу 652,000 летови и 84 милиони патници во 2013 година. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома