03 Мај, 2024
0.0306

„iPad Pro“ ќе се продава без додатоци

Објавено во: Стил 08 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Буквално часови не делат од настанот, на кој очекуваме „Apple“ да ги претстави нови модели на „Apple“, таблетите и ажурираната верзија на „Apple TV“. Прелиминарните информации за уредите на „Apple“ продолжуваат да се појавуваат по интернет и можеме однапред да утврдиме некои од деталите за нив. Според извори на сајтот „9to5Mac“ поголемите таблети „iPad“, кои ги познаваме под името „iPad Pro“, ќе се нудат најмалку со 64GB вградена меморија, а освен тоа ќе има и модел со 128GB.

Во предвид е дека уредот најверојатно ќе биде наменет за професионална и корпоративна употреба, што воопшто не е чудно. Во исто време, сепак, тоа ќе влијае и на цената - според „9to5Mac“, таблетот ќе се продава за повеќе од 1.000 долари. Се очекува дисплејот на уредот да е со импресивната дијагонала од 12,9 инчи, а за продуктивноста ќе се погрижи процесор А9X.

Ако се сеќавате веќе еднаш беше обајвено дека „Apple“ подготвуваат и пенкало за работа со „iPad Pro“. Ќе бидете разочарани ако сте мислеле дека тој ќе се продава во комплет со уредот, бидејќи засега изгледа дека тој ќе е достапен само одделно. Меѓутоа, во пракса „Apple“ немаат практика да ги комбинираат додатоците за уредите, па можеби и не сите се изненадени. Што се однесува до продажбата на таблетот, покрај очекуваното претставување на 9 септември, информациите на „9to5Mac“ тврдат дека испораките најверојатно ќе бидат одложени и ќе започнат кон крајот на ноември.