Иран ги преплаши Американците - Го има таткото на сите бомби
Објавено во: Свет 17 Септември, 2017
САД има нова закана од треба да се плаши бидејќи покрај ракетните системи на Северна Кореја кои секој ден напредуваат се повеќе сега и Иран развил ново многу моќно оружје.
Авицискиот бригаден генерал Амир Али Хаџизадех од Иранската револуционерна гарда соопшти дека го имаат таткото на сите бомби што е многу помоќен од американскиот MOAB US GBU-43/B.
Со тоа тие располагаат со најмоќната не-нуклеарна бомба која тежи 10 тона, а може да предизвика штета од страшни размери. САД за прв пат ја искористи „мајката на сите бомби“ овој април врз мета на Исламска држава.
Иран се уште не извршил детонација на нивната моќна бомба која е предвидено да експлодира во воздух, а на земјата да ги изгори сите мети оставајќи огромен кратер.
Слична бомба имаат и Русите, а има теории дека Иран испраќа свои ракетни експерти и во Северна Кореја за да им помогнат во развој на нуклеарната програма како силен сојузник.
Се чека и на официјална реакција на Пентагон за иранските тврдења.