26 Април, 2024
0.0297

Иловица има злато и бакар!

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Прелиминарната економска анализа за наоѓалиштето на бакар и злато Иловица утврди дека околу 143 милиони тони руда со просечна содржина од 0,42 грам/тон злато и 0,23% бакар може да се категоризираат како количини што може рентабилно да се експлоатираат. Со проектирано годишно производство од 12 милиони тони руда, Иловица ќе произведува околу 4,2 тони злато и 24.000 тони бакар годишно. Се очекува во понапредните фази на анализирање на проектот да се утврди многу поголем потенцијал во однос на економски исплатливите количини руда. Прелиминарната економска анализа всушност е потврда и попрецизно дефинирање на утврдените податоци од досегашните истражувања што тимот на компанијата ги прави на терен. „Позитивната Прелиминарна економска анализа за Иловица дава основен показател за големината на проектот, оставајќи значителен простор за оптимизација. Заедно со Договорот за концесија за експлоатација за локалитетот Иловица доделен во јули оваа година и Одобрението за Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, компанијата сега има соодветна платформа да ги надгради ресурсите, да ги дефинира почетните резерви и да продолжи со проектирањето. Ова ќе биде направено во рамките на Студијата за изводливост во првата половина на 2013 година по завршувањето на тековната програма за дупчење. Постоењето на основните показатели за потенцијалната финансиска вредност на нашиот главен проект во јавниот домен е важно достигнување за Еуромакс.", изјави Стив Шарп, претседател и главен и извршен директор на Еуромакс Ресурси Лтд. Ова го потврди Прелиминарната економска анализа за наоѓалиштето на бакар и злато Иловица во општина Босилово, со што се потврдува економската исплатливост на проектот во оваа прелиминарна фаза на анализирање на финансиските показатели. Во следниот период ќе следат нови подетални анализи што ќе треба да дадат уште попрецизни процени за висината на капиталните инвестиции и за оперативните трошоци со што се очекува да се добијат уште повисоки показатели за исплатливоста на проектот. На почетокот на октомври, Министерството за животна средина и просторно планирање ја потврди Согласноста за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот „Површински коп на бакар и злато на локалитетот Иловица – општина Босилово“ со што се гарантира дека сите активности ги задоволуваат барањата за заштита на животната средина и се во согласност со регулативите од оваа област. Во јули годинава, Владата, односно Министерството за економија на Еуромакс му ја додели концесијата за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица, што претставува најважен проект за компанијата.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти