07 Мај, 2024
0.0266

ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ШАНСАТА: Стартува „Викенд без ДДВ“

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Стартува мерката „Викенд без ДДВ“.

Ова е мерка на Владата која се однесува на домашни производи,  услуги, компјутери и ИТ-опрема за кои ќе се враќа целиот износ на платениот ДДВ. 

Мерката важи за промет до 30 илјади денари направен денес, утре и задутре.

Тоа значи дека граѓаните ќе добијат назад 18, односно 5 отсто од вкупниот износ на фискалната сметка, под услов сметките да ги скенираат преку апликацијата на УЈП „Мој ДДВ“. 

Ако се пречекори овој рок или се надмине износот, или ако на сметките има и производи кои не се означени како домашни, тогаш повратот на данокот ќе се врши според редовната стапка од 20 отсто од уплатениот ДДВ. 

За прометот кој чини повеќе од 30.000 денари ќе важат вообичаените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Парите од уплатениот данок за време на „Викендот без ДДВ“ на граѓаните ќе им бидат вратени на нивните трансакциски сметки во рок од 15 дена, или до крајот на овој месец, објасни вчера ВД директорот на УЈП, Фарук Омери.

Се верува дека со оваа мерка ќе се вратат парите кај граѓаните, но и ќе се сузбие сивата економија. 

Бидејќи оваа година имаме онлајн настава за повеќето ученици, власта им порача на родителите дека за време на овој викенд можат да купат лап топи или мобилни за своите деца. Околу 40.000 деца немаат уреди за да следат настава онлајн. 

Од ВМРО-ДПМНЕ изразија загриженост дека гужвите може да доведат до нов кластер на заразени со коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот