Искршена таблата на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2022
По само пет дена од отворањето на бугарскиот клуб во охрид, искршена е таблата на која стоеше испишано името на „Цар Бори Трети“.
Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.
Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот, соопшти гласноговорникот..