„Исламска држава“ изврши серија напади во една земја
Објавено во: Свет 20 Август, 2018
Серијата напади врз полициските сили во руската република Чеченија имаше денеска при што се повредени неколку луѓе. Сторителите се неутрализирани, соопшти чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров.
Преку Инстаграм, Кадиров информираше дека нема никакви сомнежи дека „група млади луѓе”, ги извеле нападите, а дејствувале откако паднале под влијание на приврзаници на џихадистичката група „Исламска држава” на социјалните мрежи.
Руските медиуми информираа за најмалку три напади врз полицијата, но со различни податоци за бројот на повредените.
Според Кадиров, двајца полицајци се повредени во градот Шали и неколку сообраќајни полицајци во главниот град Грозни.
Нешто подоцна, терористичката група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападите.
„Борци од „Исламска држава“ нападнаа офицери и членови на чеченската полиција во Грозни и Шали”- соопшти пропагандната агенција на џихадистите „Амак“.
Напаѓачите се жители на градот Шали, соопшти прес-службата на Рускиот истражен комитет, пренесува ТАСС.