03 Мај, 2024
0.0258

Исплатени се 23,5 милиони евра од Ковид 3, досега одобрени се вкупно 2.122 корисници со 16.009 вработени

Објавено во: Финансии 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУ за Отпорност од ИПА програмата, заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик. Со други зборови, заклучно вчерашниот ден се исплатени 96,7 отсто од корисниците на кои им се одобрени кредитните барања за оваа линија.

Досега, одобрени се вкупно 2.122 кредитни барања на вкупен износ од 24,3 милиони евра. Овие микро и мали трговски друштва, трговци-поединци и занаетчии имаат вкупно 16.009 вработени.

Според структурата, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. Вкупно 116 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.

Најголем дел од одобрените 2.122 кредитни барања доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%, а по него следат Полошкиот регион со 14% и Југозападниоти Југоисточниот регион со по 12 отсто. Од Источниот и Пелагонискиот регион се по 10% од одобрените кредитни барања, додека од Вардарскиот и Североисточниот регион се 5% од одобрените кредитни барања.

Кредитните барања се обработуваат хронолошки, според времето на пристигнување, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје продолжува со процесирањето на кредитните барања сè до утврдување на исцрпеност на расположливиот буџет на мерката кој изнесува 31 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата