06 Мај, 2024
0.0246

ИСПОВЕД: Каква е Северна Кореја во очите на единствениот Србин кој живее во неа

Објавено во: Свет, Стил 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Сликата која ја имаме за Северна Кореја е погрешна, тврди Бранислав Моро, одбојкарски тренер од Србија, кој е пред втор довогор во Северна Кореја. Тој раскажува како всушност се живее во оваа земја, дали го запознал водачот и уште многу други работи.

Моро живеел во 11 земји во светот, секаде заминувал без предрасуди, а сега е во земја која, како што тврди, медуимите целосно ја искривија сликата за неа.

branislav-moro

- Воглавно медиумите погрешно нè информираат, не знам ни јас зошто, бидејќи не постои никаков интерес од тоа. Да речеме, ние овде читаме дека децата таму се гладни, а децата се на пиедестал во однос на нас. Имаат подобри градинки, подобри услови, еве еден банален пример, теренот околу градинките е обложен со гума од пет сантиметри и тоа е стандард за децата да не се повредат ако паднат. Имаат затворени базени во рамките на градинките, и тоа не еден туку повеќе, раскажува Моро.

Правило број 1

Кога ќе дојдете таму, објаснува Моро, прво ви појаснуваат дека не постои “Јужна Кореја“. Јужна се нарекува Кореја, а Северна го носи името Демократска Народна Република Кореја. Тие исклучително го прифаќаат таквиот однос и таквото обраќање кон државата. Кореја е наклонета кон Америка, а ДНР Кореја кон Кина и Русија.

Лице со обезбедување

По градот се движи слободно, има статус на лице кое има обезбедување, единствен странец во светот на спортот. Кажува дека поминал низ “скенер“ за да се вработи, но не мисли дека тоа е нешто поразлично од другите земји за кои работел.

- Тие се многу внимателни луѓе и за сè водат сметка. Мојот тренинг е секогаш следен со камера, што во почетокот можеби малку ми пречеше, но потоа сам увидов дека таков аналитички однос имаат кон сите работи. Моро сè уште не го запознал Ким Џонг Ун, но тој дал “благослов“ за неговиот нов договор.

Планот е со новиот ангажман, во наредните месеци, да дојде до таа средба.

Живот без сметки

-Оваа земја има перспектива, на никој ништо не му должи, имаат феноменална прехранбена индустрија. Нивниот просечен личен доход е помеѓу 300 и 350 долари, но добиваат стан и автомобил од државата. Не плаќаат за образование, не плаќаат за здравство, не плаќаат комуналии. Држава обезбедува сè, тврди Моро.

Кога е во прашање плаќањето, многу се флексибилни, влегувате во продвница, пишува 11, вие давате 15 долари, тие ви враќаат 4 долари. Плаќате со евра, тие ви враќаат евра.

Некои поинакви вредности

3664970261f1917bf802c2dbc9844b67 (1)Моро смета дека младите во Северна Кореја имаат целосно поинакви темелни вредности, па влијанието на западот, и да допре до нив, преку музика или филм, не би променило многу:

-Во мојата екипа сите девојки знаат да свират клавир, виолини, да не спомнувам читање на книги.

Еднаш на тренинг во најсовремената теретана пуштил модерна, западна музика, но никој не бил воодушевен.

-Нив не им се допаѓа таквата музика. Слушаат, можам да ви речам, добра музика. Имаат една феноменална група Мораго, женска група составена од 16-18 девојки, од кои 6-7 пејат, а другите свират. Беше словенската група Лајбах во Пјонгјанг, што мене ми е неразбирливо.

Не се глупави

481504747ad0b3b798b12157a154f385 (1)Што се однесува до ситуацијата со медиумите и со пратењето на вестите од светот, вели дека интернет е лесно да се спореди сликата од светот со онаа што тие ја пренесуваат.

-Не ги интересираат одредени мрежи, што се однесува до интернетот, немаат таков вид на интереси. Целосно се во друга насока. Имаат своја национална програма и тоа е сè. Според мене, тоа наликува на бивша Југославија. Имаат производство на компјутери и сите знаат да работаат користат компјутер, но само во смисла на работата. Тие се многу информирани, не се глупави, вели Моро.

Единствен минус

Како што наведува Моро, во текот на 30 години кариера, бил тренер на сите прволигашки тимови, бил тренер на репрезентацијата, а не можел да живее од својата работа. Затоа тргнал низ светот. Во Северна Кореја има една, но голема “мака“.

-Ги немам своите пријатели со себе, ја немам фамилијата.

Со генералот, кој му е врска со водачот, преговара да донесе уште луѓе од Србија во оваа за остатокот од светот мистична земја.

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина