29 Април, 2024
0.0253

ИСТРАЖУВАЊЕ: Спиење до доцна за викенд може да биде штетно!

Објавено во: Стил 28 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Претходните студии покажаа дека поместувањето на природниот циклус на биоритамот може негативно да влијае на вашето здравје. Новите студии покажуваат дека менувањето на навиките на спиење за време на викендот може да имаат ист ефект.

Новото истражување доаѓа од универзитетот во Питсбург и во рамки на него се набљудувани 450 жени и мажи, за недела дена. Речиси 85 посто од учесниците спиеле до доцна преку викендот.

Истражувањето открива дека колку е поголема разликата во часовите на спиење во текот на работните денови и викендот, поголем е ризикот од намалување на позитивен холестерол во организмот, а зголемување на триглецириди, отпорност на инсулин и индекс на телесна маса.

Студијата сепак наведува дека се оградува од детални заклучоци за тоа како ова може долгорочно лошо да влијае на вас но севетуваат да се трудите да станувате во приближно време на станување и во работни денови и за викенд. Исто така се наведува дека се ова доаѓа предвид доколку имате доволно сон, помеѓу десет и осум часа. Во спротивно, сонот е на прво место бидејќи може да има големи последици на здравјето.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти