29 Април, 2024
0.1818

Истражување: Миграција во Лондон?! Работа ќе има, пари недоволно!

Објавено во: Анализа 02 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

80% од источноевропјаните кои живеат во Лондон имаат работа, додека средниот број на вработени помеѓу граѓаните во Лондон е 62%, покажуваат резултатите на центарот за помш на источноевропјани. Веќе 30 години овој центар им помага на мигрантите од регионот да се справат со проблемите во Велика Британија. Организацијата го спроведува првото истражување за условите во кои живеат мигрантите од Централна и Источна Европа во Лондон. Истражувањето е спорведено до Мај до Октомври 2013г. помеѓу 512 мигранти и нивното опкружување, како репрезентативен пример за над 370 000 лица од Централна и Источна Европа во Лондон. Според резултатите 83% од анкетираните живеат во сместувалишта, во споредба со средните 49% за Лондон. 86% од луѓето кои немаат домови живеат во изнајмени домови, споредбено со 50% кое е средно ниво за Лондон. Едвај 14% од источноевропјаните живеат во социјални центри. 70% од лицата кои изнајмуваат станогви се жалат на лошите услови за живеење, пренаселеност и невозможноста да го обноват депозитот. Статистиката на центарот покажува дека најмали можности да се реализираат на пазарот на турдот имаат мигрантите помеѓу 50 и 64 години, кои не зборуваат англиски. Најсериозна пречка во барањето на работа за мигрантите се ниското ниво на владеење на англискиот јазик, недостатоткот на познавање при барање на работа, недостатокот на работно искуство во Велика Британија како и неможноста за признавање на квалификациите кои ги стекнале во родната земја. 40% од учесниците во истражувањето имаат преживеано сериозни проблеми на работноито место, секој петти бил експлоатиран, секој десетти имал неисплатени дневници, 7% биле малтретирани на работното место, а 5% биле несоодветно отпуштени. Доходот на мигрантите од регионот исклучително доаѓа само од плата. Многу мал дел добиваат помош, уште помал имаат заштеди или инвестиции. Истражувањето покажува дека 20% од мигрантите од Источна Европа имаат проблем да ги задоволат животните потреби со своите примања. 30% ја имаат почуствувано финансиската криза во Лондoн - немале пари ниту за леб ниту за лекови. Статистиката покажува дека 30% од бездомниците се од Централна и Источна Европа, а населението од овој регион претставува 5% од вкупниот број на население во Велика Британија. K.K.