27 Април, 2024
0.0388

Истражување: Патувањето до работа со велосипед го намалува ризикот од рак

Објавено во: Стил 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Истражувањето кое вклучувало 250 илјади луѓе утврдило поврзаност на редовното возење со велосипед и речиси половина помалиот ризик од срцеви заболувања или развивање на рак.

Возењето велосипед покрај рекреација може да биде и доста корисно и ефикасно, најпрво како одлично превозно средство, а второ како одлична фитнес активност. Позитивните ефекти се бележат и во најновото објавено истражување во кое е утврдено дека возењето велосипед до работното место е многу корисно и го намалува ризикот од рак како и други тешки заболување.

Истражувачите од Глазгов во етгодишната студија заклучиле дека поголемиот дел од луѓето навикнале да се возат со велосипед по одредено време и дека возењето до работното место не им претставувала никаков проблем.

Од вкупниот број учесници, 2.430 во текот на петгодишниот период починале, кај 3.748 е дијагностициран некаков облик на рак, а 1.110 имале некој облик на срцево заболување. Исто така, во текот на истражувањето, редовната вежба со возење на велосипед го намалила ризикот од смртни болести за 41 процент, можноста за развивање на рак за 45 проценти, а срцеви заболувања за 46 проценти.

Заклучоците од студијата ќе бидат и понатаму анализирани, а статистичките податоци ќе бидат прилагодени за да се отстранат други работи кои би можеле да влијаат на точните резултат, како што се пушењето, посебните диети и телесната тежина.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти