05 Мај, 2024
0.1246

ИутеКредит Македонија прва финансиска институција за микрокредитирање која ќе издава Mastercard картичка

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Од денес ФД ИутеКредит Македонија ќе биде првата небанкарска финансиска институција во регионот која ќе овозможи издавање на кредитна картичка од брендот Mastercard. За сите постоечки и нови клиенти тоа ќе значи поголема безбедност, брзина и комфор при користење на услугите на ИутеКредит преку поволностите кои ги нуди глобалниот лидер во финансиски услуги Mastercard.

Нашата мисија во ИутеКредит е да понудиме исклучително корисничко искуство во финансирање на физички лица, надминувајќи ги очекувањата на нашите корисници. Со можноста за издавање на Mastercard картичка за сите наши клиенти сме голем чекор понапред во остварување на истата и во подигање на стандардите во микрофинансирањето во Македонија.”– изјавуваат од ИутеКредит. 

Успехот е голем и за Мастеркард, имајќи во предвид дека се работи за прв проект во регионот во соработка со небанкарска финансиска институција.

„Среќни сме за соработката со ИутеКредит со цел обезбедување на нивните корисници на картички во Северна Македонија погодност, брзина и безбедност при бесконтактните и онлајн плаќања низ целиот свет каде што се прифатени картичките Mastercard. Ние во Mastercard сме посветени на соработка со fin-tech компаниите низ целиот свет како наша долгорочна стратегија, бидејќи веруваме дека заедно можеме да донесеме најиновативни финансиски решенија за потрошувачите “- вели Вања Манова, регионален менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово од Мастеркард Европа.

Најбрзо и најкомфорно до потребните финансиски средства 24/7

Најголемата придобивка од поседувањето на картичката е брзиот пристап до финансиски средства веднаш 24/7 во земјата и во странство. Дополнително корисниците ќе можат да повлекуваат пари од банкомат, да купуваат директно во продажни места кои овозможуваат плаќање со Мастеркард картичка, како и бесконтактно да плаќаат и да купуваат безбедно на интернет.

Уникатен вертикален дизајн

Mastercard картичката од ИутеКредит е прва во Македонија со уникатен вертикален дизајн, кој ги симболизира предностите на најбрзата и најкомфорна услуга која ја нуди ИутеКредит овозможувајќи им на своите клиенти да се исправат пред финансиските предизвици и да уживаат во моментите кои им значат.

Брза апликација и издавање на картичката

Сите нови и постоечки клиенти ќе можат да аплицираат за новата Mastercard картичка од ИутеКредит со секоја нова направена апликација за потрошувачки кредит која може да биде онлајн на www.iutecredit.mk, во експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови во Македонија или телефонски на 13 333.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото