16 Мај, 2024
0.0270

Иван Костиќ e нов директор на Филип Морис ТКП

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Иван Костиќ е новиот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје, компанија која е резултат на стратешкото партнерство на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Kомбинат Прилеп (ТКП). Костиќ, кој доаѓа на местото на доскорешниот директор Михаел Солтер, веќе 13 години работи во филијалата на Филип Морис во Србија, а за директор на ФМТКП доаѓа од позицијата Директор за стратешко планирање и програми за Југоисточна Европа.

„Со голем ентузијазам го преземам раководството на ФМТКП, компанија што се издвојува на националниот пазар, со соодветна тежина во економијата на земјата и со историја што ме инспирира и мотивира. Искуството од 13 години во ФМИ ќе биде ставено во функција на визијата за раст и генерирање на вредност за групацијата, на нашиот стратешки партнер ТКП, но и за општеството во целина. Се потпирам на исклучителните успеси на мојот претходник кого исклучително го ценам и почитувам, но и на фактот дека ќе работам со силен тим од интелегентни, талентирани и добри луѓе”, изјави Костиќ.

ФМТКП е основана во 2014 година како резултат на Договорот за стратешко партнерство помеѓу ФМИ и ТКП според кој новата заедничка компанија стана одговорна за производство, дистрибуција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Благодарение на партнерството со ФМИ и исполнувањето на строгите принципи и стандарди за квалитет, во Македонија денес се произведуваат меѓународните брендови Честерфилд и Марлборо. ФМТКП минатата година на македонскиот пазар го донесе и IQOS,иновативниот уред на ФМИ којго загрева, наместо да го согорува тутунот. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА