Иванка го бранеше Трамп на Г20 Самитот : Тој се бори за жените
Објавено во: Свет 25 Април, 2017
Иванка Трамп ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп мораше да го брани својот татко за време на панел дискусијата на Г20 Самитот во Берлин на кој учествуваат жени лидери во политиката и бизнисот.
Иванка која извршува неплатена советничка функција во Белата куќа, на дискусијата го бранеше својот татко дека тој се залага за женските права, а доволен доказ за тоа се илјадниците жени кои ги вработил во своите компании.
„Секогаш ме охрабруваше да напредувам. Растев во куќа во која немав никакви ограничувања за тоа што можам да бидам“, изјави Иванка Трамп, и ги обвини медиумите дека создаваат негативна слика за американскиот претседател.
На Самитот учествуваа и германската канцеларка Ангела Меркел, како и директорката на ММФ Кристин Лагард.